Контакт

Спорт

Хит е на САД опен, ќе игра полуфинале, а имала повратен билет уште по квалификациите

Објавено пред

Хит на годинешното издание на грен слем тенискиот турнир САД опен е неверојатната 18-годишна тенисерка Ема Радукану, кој пред турнирот беше 150-та на ВТА-листата.

Британката стигна до полуфиналето во Њујорк, а играше квалификации за влез на грен слемот. Вечерва е нејзината борба за влез во финале, противник и е Марија Сакари од Грција.

Радукану нема загубено ниту еден сет во осумте меча на САД опен 2021. Таа на прес-конференцијата рече дека не очекувала ниту премин во второто коло на турнирот.

„Навистина не мислев дека ќе сум овде, имав повратен билет веднаш по квалификациите. Сега имам слатки проблеми затоа што ќе морам да најдам нов лет“, рекла таа.

„До враќањето на грен слем турнирите не играв тенис цели 18 месеци и сега и себе си и на другите им докажав дека сѐ е можно ако веруваш во себе. Пред мечот со Бенчич си реков дека можеби последен пат во кариерата ќе играм на стадионот Arthur Ashe, па затоа подобро е да уживам што повеќе можам. Не гледам многу во иднината, се фокусирам само за следниот меч“, вели Радукану.

На најновата ВТА-листа в понеделник таа сигурно ќе напредува околу 100 позиции, а доколку сензационално го освои САД опен, може да дојде и меѓу 25-те најдобри светски тенисерки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Австралиец ќе суди во Премиер лигата

Објавено пред

Викендов ќе биде испишана нова страница во историјата на Премиер лигата. Странец ќе го суди мечот помеѓу Вотфорд и Њукасл.

Џаред Џилет од Австралија ја доби честа да биде првиот судија од странство кој ќе ја дели правдата на натпревар во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Џилет со знакот на ФИФА суди од 2013 година. Во А лигата, во Австралија, престанал да суди во 2019 година. Потоа работел во Англија. Минатата сезона бил на неколку натпревари во ВАР собата, а имал можност да суди два натпревари во Чемпионшип дивизијата.

Пред почетокот на сезоната е ставен во првата група на судии, со што го исполни условот да суди во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Санчез без обесштетување ќе го напушти Интер

Објавено пред

Интер во зимскиот преоден рок ќе се раздели со Алексис Санчез, тврди „Кориере дело Спорт“. Според овој извор, Чилеанецот ќе добие дозвола без обесштетување да го напушти клубот.

Алексис Санчез има договор со Интер до крајот на сезоната 2022/2023. Годишно заработува седум милиони евра.

Санчез, минатата сезона, за Интер одигра 38 натпревари, постигна седум гола и забележа осум асистенции.

Санчез во 2019 година пристигна во Интер на позајмица од Манчестер јунајтед, потоа клубот го откупи неговиот договор.

Чилеанецот во Европа играл и за Удинезе, Барселона и Арсенал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Куман: Немаме брзина, не сме добри еден на еден

Објавено пред

Барселона успеа да извлече бод на „Ноу Камп“, против Гранада. Роналд Араухо, во 90.минута, го постигна голот за 1:1. Претходно Гранда водеше од 2.минута кога Домингез го совлада Тер Штеген.

Роналд Куман повторно има оправдување за играта на неговиот тим, особено за тактиката во последните 15 минути, кога Пике го внесе на теренот да игра како класичена деветка. Финишот, Барса го играше со нафрлувања пред голот на Гранада, на високите Де Јонг, Пике и Араухо.

„Што може да е направи со ваков состав? Да се игра тики-така кога никаде нема простор? Моравме да побараме алтернативен пат. Во овој момент ние немаме играчи кои се добри еден на еден, немаме брзина во тимот. Со ова што имаме го дадовме најдоброто, можевме дури и да победиме“, рекол Куман.

Оваа изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона, ниту на претседателот Џоан Лапорта. Според медиумите, само поради клаузулата за обесштетување Куман се уште е тренер на Барселона.

Доколку добие отказ, Барселона ќе мора на тренерот да му испалати шест милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион32 минути

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици Росу низ северот на провинцијата. Српскиот претседател Александар...

Свет1 час

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАС С, повикувајќи се...

Свет12 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет13 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион14 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија17 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија20 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија20 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија21 час

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет22 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија2 дена

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет2 дена

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија2 дена

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија2 дена

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија2 дена

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ2 дена

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет2 дена

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Досие