Спорт
Холандија ја изненади Црна Гора

Црна Гора остана без шанси да се вмеша во борбата за второто место, во Групата 1, на Европското првенство. Во третото коло Холандија ја победи Црна Гора со 34:30.
Црногорците го забележаа првиот пораз по серијата од три победи (Македонија, Словенија, Хрватска), додека Холанѓаните ја забележаа првата победа во главната фаза. Холандија победи и покрај тоа што беше без речиси целиот стручен штаб и двајцата први голмани.
Црногорците подобро го отворија мечот, имаа предност од два или тро гола, но Холанѓаните успеаја да направат пресврт во финишот на првиот дел. Во второто го презедоа водството, кои го зголемуваа благодарение на голманот Ван Лојвен.
Третиот голман на Холандија натпреварот го заврши со 14 интервенции. Најефикасни во редовите на Холандија беа Смитс со девет, односно Стејнс и Фалке со по шест гола. Кај Црна Гора се истакнаа Чепиќ и Вујовиќ со по шест гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема логика: Донарума е најдобар голман во Лига 1

Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во француската Лига 1. За многумина наградата не завршила во вистински раце и имаат силни аргументи за оваа теза.
Италијанецот годинава бранеше само на 16 од можните 38 натпревари во францускиот шампионат, што значи помалку од 50 отсто од натпреварите.
Исто така, на само пет од тие 16 натпревари, успеал да ја сочува мрежата недопрена. Интересно е што Бенитез од Ница и Селс од Стразбур имаа 14, односно 13 натпревари, на кои не примија гол и далеку поголем број одбрани од Донарума.
„Точно е дека не бранев на повеќе од половина натпревари, но кога бев на голот добро ја завршив работата. Среќен сум за наградата“, истакна Донарума кого очигледно не беше допрен од критиките упатени на негова адреса.
It's a huge honour to receive this award. Thanks for everyone who voted for me! 🏆🧤#tropheesunfp pic.twitter.com/B7o2N8O4Ni
— Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna1) May 15, 2022
Спорт
Наполи покажува интерес за Пјаниќ

Миралем Пјаниќ, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Бешикташ, ќе се врати на „Ноу Камп“, а потоа повторно ќе оди на позајмица, бидејќи тренерот Чави нема намера да го користи во својот тим. Репрезентативецот на БиХ уште две години е под договор со Барса.
Пјаниќ би можел да се врати во Серија А, бидејќи сериозен интерес за него покажува Наполи, пренесуваат дел од шпанските медиуми.
Пјаниќ оваа сезона одигра 26 натпревари, вкупно 1.867 минути за Бешикташ. Успеа да запише само четири асистенции. Не се наметна како лидер ниту пак успеа да го одигра квалитетот на фудбалот што го играше пред неколку години.
Пјаниќ својот најдобар фудбал во кариерата го одигра во Италија, во Рома, а потоа и во Јувентус.
Спорт
Полноќна тепачка во Севилја

Шпанската полиција уапси пет германски навивачи пред финалето на Лигата на Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.
Полицијата соопшти дека навивачите на Ајнтрахт биле приведени поради тепачка со шкотските навивачи и полицијата, околу полноќ во центарот на Севиља.
Тие фрлале цигли и маси од кафулињата и запалиле фрлале факели кон навивачите на Ренџерс и полицијата. Не е наведено дали во инцидентот има повредени.
Повеќе од 5.000 полицајци и стјуарди ќе бидат на должност бидејќи шпанските власти очекуваат да пристигнат до 150.000 навивачи од двата клуба.
Биилети, за финалето кое почнува во 21 часот на стадионот „Рамон Санчез Писуан“, повеќе нема.
De nuevo los hinchas del Eintracht liándola en Sevilla. Han lanzado bengalas y vasos contra los del Rangers. pic.twitter.com/veYnIJG3pV
— Leandro Iglesias (@leandrosexta) May 17, 2022