Спорт
Холандски новинар брутално го навреди Вида: Толку е грд што најчесто не му даваат да игра во овој термин

Коментаторот од натпреварот Бешикташ – Ајакс испорачал серија навреди кон играчот на домашниот тим, Домагој Вида.
Хрватскиот репрезентативец со капитенската летна на раката го предводеше Бешикташ.
„Вида е толку грд поради што најчесто не му дозволуваат да игра во овој термин бидејќи тогаш пред ТВ-екраните има и деца. Бешикташ поради тоа мора да бара посебна дозвола за да може тој да игра“, рекол коментаторот Серд де Вос.
Вида и Динамо Загреб се омразени во Холандија од 2011 година. Тогаш во последниот натпревар во групата Лион во Загреб го порази Лион со 7:1 и само поради гол-разликата на табелата заврши пред Ајакс.
Hahaha, lekker Sierd #knipoogkroaat #besaja pic.twitter.com/J1b0FluYYd
— M (@MatthijsTweet) November 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо: Поминав низ тежок период, но дознав кој е на моја страна

Португалскиот капитен, Кристијано Роналдо признава дека поминал низ најтешкиот период во кариерата при враќањето во Манчестер јунајтед, но вели дека било добро да се види кој е на „негова страна“.
Роналдо се најде во конфликт со новиот менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг од почетокот на сезоната 2022/23, со само 10 настапи, од кои четири како стартер, по што во експлозивно интервју кај Пирс Морган влезе во напад на Тен Хаг, соиграчите и управата на клубот. По ова, тој се договори за раскин на договорот, за да потпише рекорден договор со саудискиот Ал-Наср до 2025 година.
„Понекогаш мора да поминеш низ некои работи за да видиш кој е на твоја страна. Во тешките периоди, најдобро се гледа кој е од твоја страна. Немам проблем да кажам дека имав лош период во кариерата, но нема време за каење. Животот продолжува и без разлика на сите работи, тоа беше дел од мојот раст како човек. Кога си на врвот на планината, честпати не гледаш што е долу. Сега сум далеку поподготвен и научив важни работи, бидејќи никогаш досега не сум поминал месеци како последните. Сега сум подобар човек“, вели Роналдо.
По спориот старт во Ал-Наср, Роналдо има 9 гола во 8 настапи за клубот, а сега ќе се обиде да ги подобри своите рекорди за португалската репрезентација во мечевите со Лихтенштајн и Луксембург.
Спорт
Катарците и Ретлкиф со „подобрени“ понуди за Јунајтед, акциите на берзата скокнаа!

Акциите на Манчестер јунајтед пораснаа за 6 отсто во средата, пред крајниот рок од 22 часот за новите понуди за клубот, зголемувајќи ги шпекулациите дека клубот, конечно, ќе биде продаден за рекордна сума од околу 6 милиони фунти.
Минатата недела, акциите на Јунајтед паднаа на најниското ниво во 2023 по вестите дека семејството Глејзер се „премислува“ за продажбата и најавите дека американската компанија „Елиот менаџмент“ (поранешни газди на Милан), е подготвена да инвестира во клубот, а Глејзери да останат сопственици.
Но, откако минатата недела, катарскиот тим предводен од шеикот Јасим и британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф го посетија „Олд Трафорд“, стана јасно дека плановите за продажба влегуваат во завршната фаза.
Според „Индепендент“, Глејзери сакаат 6 милијарди фунти за клубот, што би било рекордна цена платена за било кој спортски клуб, и Катарците се подготвени да ја достигнат оваа сума, додека Ретклиф, иако има средства за ваков трансфер, е загрижен за долговите кои ги има клубот и не е сигурен во превисоката цена.
Спорт
Швјонтек се повлече од Мајами, се повредила кашлајќи

Мајами опен остана без една од најголемите ѕвезди, откако актуелната шампионка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек се повлече поради повреда на реброто.
„Ова беше многу тешка одлука, но најважно е да се сочува здравјето. Во Доха страдав од силна инфекција, а поради кашлањето го повредив реброто. Се обиов да играм, но не сум подготвена бидејќи имам многу болки. Потребна ми е пауза и затоа се повлекувам од Мајами и од Били Џин Кинг купот“, вели Швјонтек, која ќе биде зааменета од Австријката Јулија Грабнер, која загуби во последното коло од квалификациите.
🎾 It was a very difficult decision to make but I have no doubts that health is the most important. ⤵️
🎾 To była naprawdę bardzo trudna decyzja, ale nie mam wątpliwości, że zdrowie jest absolutnie najważniejsze. ⤵️ pic.twitter.com/HjBqrANmy0
— Iga Świątek (@iga_swiatek) March 22, 2023