Спорт
Холанѓаните ќе тестираат нови, револуционерни правила во фудбалот

Фудбалската федерација на Холандија размислува за револуционерни промени во правилата на фудбалската игра кои би ги воведе од сезоната 2023/2024 во својата втора лига. Меѓу идеите кои се разгледуваат се должината на полувремето, изведувањето на аутот и на слободните удари, неограничениот број на замени, но и петминутните исклучувања за фудбалери кои прават груби фаули.
Жан Дирк ван дер Зе, директорот за аматерски фудбал во холандската федерација, веќе предложи некои од револуционерните идеи во фудбалот, како на пример жените и мажите да играат заедно на високо ниво во аматерскиот фудбал во Холандија. Тој сега нуди нови идеи кои, како што тврди, би ја направиле играта „побрза и попривлечна за гледачите“.
Експериментот за кој се залага треба да започне во договор со клубовите и Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации, а треба да се нагласи дека всушност се работи за издигнување на револуционерните идеи на повисоко ниво бидејќи токму таков е изгледот на фудбалот во Холандија тестиран веќе пет години.
„Резултатите се ветувачки“, додава Ван дер Зе.
Доколку биде прифатена неговата идеја, од сезоната 2023/2024 во втората холандска лига ќе се игра фудбал во две полувремиња по 30 минути чиста игра. Запирањето на играта би го запрело и часовникот, па всушност времето на игра би било пресликано од примерите на некои други спортови, како кошарка или ракомет.
Топката од страна наместо со рака ќе се изведува со нога, а слободните удари може да започнат со дриблинзи, односно водење на топката. Истото важи и за ударите од аголот. Неограничен број замени е друга идеја, а меѓу нив е исклучување на играчи на пет минути поради посериозни прекршоци досега санкционирани со жолти картони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Умар Нурмгомедов останува непоразен со најдобрата победа во кариерата

Умар Нурмагомедов повторно покажа дека е „достоен“ за своето презиме со својата најдоминантна победа во 15 меча, доминирајќи против Нејт Манес за победа на поени.
Откако влезе во октагонот во Лас Вегас зад својот славен братучед Хабиб, кој следната недела ќе влезе во Куќата на славните на УФЦ, Умар упати дури 161 удари, доминирајќи во мечот во бантам категорија, и упатувајќи еден од најдобрите удари со нога оваа година во УФЦ.
This was so sexy pic.twitter.com/pD2xtrqGEM
— Λ𝔫𝔱𝔬🦭 (@ImAntoMMA) June 26, 2022
Сепак, неговата најголема сила беше борењето, со кое доминираше во втората и третата рунда, кога имаше речиси 11 минути контрола на борбата за да стигне до победа со 30:27, 30:26, 30:25.
„Не беше лесно, тој е цврсто момче. Но, утре да ми кажат да се борам за појасот, јас сум подготвен. Еден ден ќе станам шампион“, изјави Умар по мечот.
Two Nurmagomedovs in one walk… 😅 #UFCVegas57 pic.twitter.com/r3Ihks88iS
— UFC (@ufc) June 26, 2022
A three round masterclass by @UNmgdv 🙌 #UFCVegas57 pic.twitter.com/KzlgHx7BQs
— UFC (@ufc) June 26, 2022
Спорт
Јунајтед отфрлаат било каква можност за продажба на Ронало

Манчестер јунајтед пратиле силна порака до Кристијано Роналдо, дека тој нема да биде продаден ова лето и дека ќе го исполни својот договор со уште една сезона на „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Мирор“ по шпекулациите дека неговиот агент Жорге Мендеш се сретнал со новиот газда на Челси, Тод Бели.
Според „Мирор“, Јунајтед се бесни на шпекулациите кои го поврзуваат Роналдо со трансфер, прво во Баерн Минхен, а потоа и во Челси, по вестите дека 37-годишниот Португалец е разочаран од тоа што „ѓаволите“ засега не успеаја да донесат ниту едно засилување во текот на летниот преоден рок и покрај ветувањето до новиот менаџер, Ерик Тен Хаг.
„Кристијано не е на продажба. Очекуваме, и сигурно сме дека тој ќе биде со нас и следната сезона, бидејќи веќе е во планот на Тен Хаг“, вели изворот на „Мирор“.
Роналдо заработува фантастични 500.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, и иако беше најдобриот стрелец на клубот минатата сезона со 24 гола, клубот имаше катастрофална сезона во која заврши на шестото место во Премиерлигата. Главни цели на клубот во летниот преоден рок остануваат Френки де Јонг од Барселона, слободниот агент Кристијан Ериксен, како и Бразилецот Антони од Ајакс.
Спорт
Вележ со спектакл во Мостар ја одбележи 100-годишнината

Вележ, еден од најстарите фудбалски клубови во Босна и Херцеговина, вчера го прослави својот 100. роденден, а навивачите на клубот приредија спектакуларна прослава во Мостар со огномет и „бакљада“ на Стариот мост.
Популарните „Родени“, навивачите на клубот, го започнаа огнометот точно на полноќ.