Спорт
Холифилд преговара за меч со Тајсон, 25 години откако тој му одгриза дел од увото
Поранешните ривали во тешка категорија, Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон може уште еднаш да се судрат во рингот, откако 58-годишниот Холифилд потврди дека преговара со тимот на Тајсон за меч, 25 години откако Тајсон му одгриза дел од увото во еден од најконтроверзните моменти во историјата на боксот.
Тајсон се врати на боксот по 15-годишна пауза во ноември, кога имаше реми со Рој Џонс Јуниор во осум рунди во Калифорнија, меч кој стана неочекуван хит кај пеј-пер-вју гледањата, собирајќи околу 80 милиони долари, кои Тајсон вети дека ќе ги даде во добротворни цели.
Холифилд, сега, објаснува зошто тој е следниот совршен противник на Тајсон.
„Ако тоа треба да се случи, ќе се случи. Можам да потврдам дека мојот тим преговара со менаџерскиот тим на Мајк и чекаме одговор. Јас постојано тренирам бидејќи знам дека еден ден тој меч ќе се случи и подготвен сум“, вели Холифилд за британскиот „Сан“.
Холифилд и Тајсон имаа два супер-меча во 1990-тите. Во првиот меч во ноември 1996, аутсајдерот Холифилд го победи Тајсон со технички нокаут, само втор пораз за Тајсон по шокантниот пораз од Бастер Даглас шест години претходно. Во римечот, Тајсон беше дисквалификуван во третата рунда, кога во фрустрација одгриза дел од увото на противникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико ќе гостува во Англија, ПСЖ оди на Челзи или Барса, можен дуел Реал-Сити
Познати се сите 16 учесници во осминафиналето, во овогодинешната Лига на шампиони. Вечерва пласман изборија: Аталанта, ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај.
Сите овие тимови одат на левата страна од костурот, исто како што победниците од вторникот (Атлетико, Њукасл, Баер Леверкузен, Боде/ Глимт) отидоа на десната страна.
Познато е кои противници можат да ги добијат победниците во баражот.
ПСЖ – Барселона/Челзи
Галатасарај – Ливерпул/Тотенхем
Реал Мадрид – Спортинг/Манчестер Сити
Аталанта – Арсенал/Баерн Минхен
Њукасл – Барселона/Челзи
Атлетико Мадрид – Тотенхем/Ливерпул
Боде Глимт – Манчестер Сити/Спортинг
Леверкузен – Арсенал/Баерн Минхен
Јасно е дека во осминафиналето ќе се играат неколку дерби натпревари.
– Европскиот првак ПСЖ оди на Барса или Челзи
– Атлетико и Галатасарај сигурно одат на Островот, едниот кај Тотенхем, а другиот кај Ливерпул
– Реал и Сити се надеваат дека ќе се избегнат еден со друг и ќе одат кај Спортинг, односно кај Боде/Глимт.
– Арсенал и Баерн, најдобрите два тима во првата фаза ќе имаат најлесни задачи, за противници ќе ги имаат Баер Леверкузен иј Аталанта.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одижи во петок.
Спорт
(Видео) Јуве сo играч помалку избори продолженија, но не успеа да го елиминира Галатасарај
Во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите во Торино, Јувентус го победи Галатасарај со 3:2 по продолженијата, но на крајот турскиот тим се пласира во осминафиналето со вкупна победа 5:7.
Јувентус успеа да ја стигне предноста од три гола во регуларните 90 минути. Имаше зицер за водство во вкупниот резултат, но трагичаре Жегова. Бидејќи веднаш по тоа промашување, Виктор Осимен постигна гол за вкупна предност, а пласманот на галатасарај го потврди Јилмаз.
Она што изгледаше како невозможна мисија, Јувентус успеа да ја постигне за 90 минути. Успеа да победи со три гола разлика и да добие продолженија.
Таа почетна задача по резултатот на Истанбул од 5:2 беше уште потешка откако во 49-та минута, црвен картон доби Кели.
До тој момент, Јувентус доминираше. Имаше 58% посед на топката, девет удари кон голот, четири во голот и три големи шанс, и успеа да постигне гол од пенал во 37-та минута преку Локатели.
Сепак, ситуацијата на теренот не се промени значително. Гостите решија да ја одбранат својата предност и тоа скао ги чинеше. Прво Гати во 70-та минута, а потоа и МекКени во 82-та минута ја анулираа големата предност на турскиот тим.
Во продолженијата, целосен пресврт можеше да донесе Жегова, кој промаши изгледна шанса.
Галта ведаш казни, во 105-та минута, Виктор Осимен се извлече од офсајд за милиметар и ја протна топката низ нозете на Перин за 3:1 за Јувентус, но предност на Галата во вкупниот збир.
После тоа, динамиката на играта се промени, Јувентус се обиде, но залудно. А нокаутот следеше во 119-та минута кога, Јилмаз, постигна гол за пораз од 3:2, но вкупна победа и пласман во осминафиналето.
Турскиот шампион ќе игра против Тотенхем или Ливерпул во осминафиналето, а тоа ќе биде познато по ждрепката во петок.
Спорт
(Видео) Реал по пресврт ја победи Бенфика, ПСЖ на „мускули“ го елиминира Монако
Реал Мадрид и ПСЖ се пласираа во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Реал во реваншот ја победи Бенфика со 2.1, а ПСЖ одигра ннерешено со Монако 2:2.
Реал не блескаше против Бенфика, но одигра доволно добро за да се пласира в наредната фаза.
Рафа Силва го шокира „Бернабеу во 14-та минута, но Реал експресно возврати, по само 120 секунди кога Чуамени г изедначи реузлтатот. Во првиот дел Гулер постигна гол за Реал кој беше поништен поради офсајд во кој претходно се најде Гарсија.
Реал во вториот дел ја контролираше играта, без преголем ризик. Овој дел од натпреварот го обележаа повредата на Раул Асенсио, кој на носилки беше изнесен од теренот и голот на Винисиус во 80та минута.
Актуелниот првак, ПСЖ се мачеше со Монако и со мала помош на судијата Иштван Ковач успеа да го мине опонентот од Лига 1.
На истекот на првиот дел Акљуш погоди за 0:1 и за 3.3 во вкупниот резултат. Клучниот период на мечот се слуќи од 55-та до 59-та минута, кога поради два жолти картони исклучен беше Кулибали. Впечаток е дека судијата премногу строго му го додели вториот жолт картон.
Со играч повеќе, ПСЖ направи пресврт преку Маркињос и Кварацхелија. Во самиот финиш Тезе ги постави конечните 2:2.

