Спорт
Хорнер: Само Саинц може да нè победи
Карлос Саинц оствари импресивна победа во трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот.
Возачот на Ферари нема договор за следната сезона, а веќе на големо се зборува за тоа како би можел да го замени Серхио Перез во Ред Бул.
Шпанецот ја започна својата кариера во најбрзиот циркус во Торо Росо во 2015 година, сестринскиот тим на Ред Бул. Тогаш негов партнер беше Макс Ферстапен.
Кристијан Хорнер не ја исклучува можноста овие двајца повторно да бидат тимски колеги.
„Се е можно, бидејќи Саинц имаше одлични трки. Реално, тој е единствениот возач кој може да го победи Ред Бул од 2022 година. Не брзаме, засега сме задоволни како Серхио Перез си ја врши работата“, остана нејасен Хорнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Марка: Би било лошо доколку Реал го врати Серхио Рамос
Реал Мадрид е во криза поради бројните повреди и отсуства кои најмногу ја погодија дефанзивната линија. Повредени се голманот Тибо Куртоа и дефанзивците Едер Милитао, Давид Алаба и Дани Карвахал. Извесно е дека сезоната е завршена за десниот бек, Карвахал.
Откако се повреди Карвахал, дел од шпанските медиуми шпекулираа дека во Реал би можел да се врати поранешниот капитен Серхио Рамос.
38-годишникот е слободен играч откако му истече договорот со Севилја. Дел од навивачите би се согласиле со неговото враќање, но „Марка“, медиум близокдо клуботпишува дека Реал ќе направи голема грешка доколку го врати Рамос.
Главна причина се неговите години, и непишаното правили: „Ако го напуштиш Реал, не враќај се“.
Иако Рамос има култен статус во „кралскиот клуб“, раководството на Реал нема стратегија за потпишување на ветерани. Затоа ни Хари Кејн не дојде пред нешто повеќе од една година. Реал најверојатно ќе се фокусира на доведување на некои помлади играчи, пишува „Марка“.
Спорт
Милано на Димитријевиќ го победи Париз на Шортс
Олимпија Милано го поббеди Париз со 79:74 во второто евролигашно коло. Милано ја забележа првата победа сезонава, додека дебитантот Париз го доживеа вториот пораз.
За македонската јавност мечот во „Медиоланум Форум“ беше интересен поради репрезентативците Ненад Димитирјевиќ и Ти-Џеј Шортс.
Милано победата ја однесе во финишот, откако Париз го контролираше натпреварот во поголемиот дел.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со девет поени и три скока, додека Шортс повторно беше најдобра кај Париз. Тој забележа 17 поени, четири скока и осум асистенции.
Спорт
Тухел ја презема Англија?
Германскиот стручњак Томас Тухел наскоро би можел да се врати на тренерската работа, откако спогодбено се раздели со Баерн Минхен.
Како што пренесува Кристијан Фалк од „Билд“, Томас Тухел е првиот кандидат за селектор на Англија.
Од заминувањето на Герет Саутгејт на крајот на Европското првенство, Англија нема именувано селектор.
ФА го назначи како привремен селектор, предводникот на У21 репрезентацијата Ли Карсли.
Позицијата селектор на Англија дефинитивно е една од најтешките работи во светото на фудбалот со оглед на квалитетото што го поседува и големите очекувања кои ги има англиската јавност.