Спорт
Хрватите во второто полувреме ја „скршија“ Ангола

Хрватската ракометна репрезентација, која има улога на еден од фаворитите на Светското првенство во Египет, втор меч едноподруго се наоѓа во ситуација да се мачи со реално послаб противник, откако им беше потребно добро второ полувреме за 28:20 победа над Ангола.
По сензационалното реми со Јапонија во првото коло, во кое Хрватите се спасуваа од пораз, европскиот вицешампион се намачи и со претпоследната репрезентација од минатиот Мундијал, водејќи со само гол разлика по првите 30 минути пред, сепак, во второто полувреме да стигне до победа со високи +8.
Бразил по ремито со Шпанија, повторно дозволи во второто полувреме Тунис да се доближи и на крајот да извлече 32:32 реми, додека Аргентина се пласираше во втората рунда со 24:21 победа над Бахреин.
СП РАКОМЕТ, ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА А
Зеленортски Острови – Германија 0:10 службено
Унгарија – Уругвај 44:18 (16:8)
Табела: 1.Германија 4, 2.Унгарија 4, 3.Уругвај 0, 4.Зеленортски Острови 0
ГРУПА Б
Тунис – Бразил 32:32 (20:16)
Полска – Шпанија 26:27 (11:14)
Табела: 1.Шпанија 3, 2.Полска 2, 3.Бразил 2, 4.Тунис 1
ГРУПА Ц
Катар – Јапонија 31:29 (15:16)
Ангола – Хрватска 20:28 (11:12)
Табела: 1.Катар 4, 2.Хрватска 3, 3.Јапонија 1, 4.Ангола 0
ГРУПА Д
Аргентина – Бахреин 24:21 (12:10)
ДР Конго – Данска 19:39 (10:23)
Табела: 1.Аргентина 4, 2.Данска 4, 3.ДР Конго 0, 4.Бахреин 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познато е колку ќе заработува Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда

Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда претставува вистинска „бомба“ во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот.
Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб.
36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена Ѕвезда од Белград.
Тој одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.
Спорт
(Видео) Усик и Дубоа се измерија пред борбата: не ги тргнаа очите еден од друг

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик, ќе ги брани своите појаси на 19 јули. Потоа ќе се бори на Вембли со локалниот борец Даниел Дубоа, човек кого веќе го победи еднаш со нокаут, во август 2023 година. Усик има 23 победи во кариерата од исто толку борби.
Во првата борба беа во прашање светските титули во тешка категорија во WBA, IBF и WBO, а утре влоговите се уште поголеми. Победникот ќе стане апсолутен светски шампион во „кралската“ категорија. Доколку Усик победи, тој ќе ги обедини сите четири појаси во тешка категорија по втор пат во кариерата, додека Дубоа сè уште не постигнал ништо слично и се соочува со борбата на својата кариера.
𝐔𝐧𝐝𝐢𝐬𝐩𝐮𝐭𝐞𝐝 Heavyweight Supremacy 👑
🇺🇦 Oleksandr Usyk vs. Daniel Dubois 🇬🇧
🎟 Buy Usyk vs Dubois 2 NOW HERE –> https://t.co/FoiaUucafv#UsykDubois2 | July 19 | Live exclusively on DAZN pic.twitter.com/SUcmgsrTDL
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) July 18, 2025
Денес, боксерите стапнаа на вагата и го имаа своето последно соочување пред утрешниот судир. Дубоа тежеше 110,59 килограми, додека Олександр Усик беше значително полесен на вагата, но потежок од кога било досега, при што најдобриот светски боксер во тешка категорија тежеше 103,1 килограми. За споредба, кога се мереа за борбата пред две години, Усик тежеше 100 килограми, а Дубоа 106 килограми.
Тие го имаа и своето последно соочување пред борбата. Повторно беше напнато и не ги тргнаа очите еден од друг.
Спорт
Французите отворија истрага против Мбапе за наводни лажни плаќања
Француското јавно обвинителство почна истрага за потенцијално сомнителни плаќања извршени од францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, до пет полицајци одговорни за безбедноста на француската фудбалска репрезентација.
Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која пријави необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци, пренесoa француските медиуми.
„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, кусо соопшти јавното обвинителство.
Според францускиот неделник „Ле Канар Еншен“, Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „некниговодствено“ за приватни услуги.
Набрзо следеше соопштение од неговиот тим, во кое се наведува дека сè е направено во согласност со правилата. Тие додаваат дека Мбапе отсекогаш ги донирал сите свои бонуси што ги добивал за настапи во францускиот дрес, а тоа го сторил и по Светското првенство во 2022 година кога парите отишле во хуманитарни организации и безбедносен персонал што ја придружувал репрезентацијата.
Фото: Принтскрин