Спорт
Хрватска го дозна противникот во полуфиналето од квалификациите за ОИ

Противник на хрватската кошаркарска репрезентација во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри ќе биде Доминиканска Република.
Ова и официјално беше потврдено откако домаќинот Грција во последниот натпревар го победи Египет со 93:71. Хрватска во сабота од 20 часот ќе игра со Доминиканската Република.
Противникот на Хрватска на овој турнир не може да смета на неколку клучни играчи.
Во споредба со ланското Светско првенство, го нема центарот Карл-Ентони Таунс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, како и Анхел Делгадо, исто така центар, кој игра за Галатасарај.
Недостига и Лестер Кињонес од Голден Стејт Вориорс.
Еден од предводниците на оваа репрезентација е 26-годишниот плејмејкер Андрес Фелиз, кој од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид, а тука е и Крис Дуарте, шутер кој настапува за Сакраменто Кингс во НБА лигата.
Во случај на победа над Доминиканската Република, Хрватска би се пласирала во квалификациското финале кое ќе се игра веќе во недела.
Нејзин противник би бил подобриот од дуелот Словенија и Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Њукасл за 11 минути ги реши „шумарите“, гол со петица постигна Миленковиќ

Фудбалерите на Њукасл се вратија во трката за Топ 4 во Премиер лигата. „Страчките“ во исклучително ефикасен натпревар го победија Нотингем Форест со 4:3.
Играчите од Нотингем први постигнаа гол преку Хадсон-Одои во шестата минута, но потоа доживеаја дебакл во првото полувреме. Во интервал од 11 минути (од 23. до 34.минута) Њукасл постигна четири гола.
Маили изедначи, Марфи го комплетираше пресвртот, а потоа Исак постигна два гола. Исак дијде до бројката од 50 голови во и стана најдобар шведски стрелец во историјата на Премиер лигата. На таа листа го мина поранешниот фудбалер на Арсенал Фреди Љунгберг (48 гола).
Во вториот дел Форест притиснаа од сите страни, но успеаја само да го ублажат поразот. Српскиот дефанзивец, Миленковиќ, во 63.минта постигна прекрасен гол со петица, а во 90.Јејтс го постави конечниот резултта.
По оваа победа Њукасл по бодови се израмни со четвртопласираниот Манчестер сити. Двата тима имаат по 44 бода, три помалку од третопласираниот Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Мојзе Кен колабираше на теренот во Верона

Верона ја победи Фиорентина со 1:0 во Серија А. Натпреварот го реши Бренеде во 95.минута.
Верона ја прекина серијата од два порази и со овој триумф дополнително се оддалечи од опасната зона. Фиорентина го доживеа третиот пораз во низа и остана на шеттото место на табелата.
Дуелот на „Бентегоди“ во Верона го обележа моментот од 65.минута, кога фудбалерот на Фиорентина, Мојзе Кен колабираше на теренот. Кен неколку минути пред да се онесвести доби удар со колено во главата.
Moise Kean has collapsed on field after a head injury pic.twitter.com/5LVl5KEB62
— BitEuro (@Thermanmerman92) February 23, 2025
Имаше рана над окото, му беше укажана помош, се врати на теренот, но потоа остана да лежи на тревата. На носилка беше однесен од теренот.
Brutta botta per #MoiseKean in #VeronaFiorentina #infortunio #seriea pic.twitter.com/ZH4LWnQRLl
— OcwSport.com (@ocwsport) February 23, 2025
Да потсетиме, на 1 декември, друг првотимец на Виола, Едоардо Бове, колабираше на теренот за време на натпревар против Интер.
Спорт
(Видео) Комичен авто гол на Рахмани, пораз на Наполи во Комо

Фудбалерите на Наполи ја продолжија серијата неуспешни резултати во овој дел од сезоната, загубија со 2:1 на гостувањето кај Комо. Шест дена пред дербито, Наполитанците му ја препупштија челната позиција на Интер.
Наполи се наоѓа во серија на ужасни резултати, на последните четирир натпревари нема победа, три пати одигра нерешено и загуби од Комо. Последниот триумф во Серија А, Наполи го оствари на 25.јануари против Јувентус.
Дека дуелот на стадионот крај езерото Комо нема да го паметат по добро избраниците на Антонио Конте навестија по само седум минути игра.
Во седмата минута Амир Рахмани си постигна комичен автогол. Десет минути траеше радоста на домашниот тим, кога нивната предност ја поништи Џакомо Распадори.
⚽️ GOAL: Rrahmani (OG)
🇮🇹 Como 1-0 Napolipic.twitter.com/FWQfMSzTht— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025
Првата сериозна шанса Наполи ја имаше во второто полувреме преку Скот Мектоминеј, но ударот на шкотскиот фудбалер го прочита Буте и успеа да одбрани.
Во 75. минута Ангиса од добра позиција лошо шутираше, право во голманот Буте.
Само две минути подоцна Комо поведе со 2:1 откако Асане Диао го совлада Мерет. Младиот напаѓач, во зимскиот преоден рок дојде во Комо, го постигна петтиот гол на осмиот одигран натпревар.
Последната шанса да избегне пораз, Наполи ја имаше во судиското надополнување, ударот на Рахмани заврши за десетна сантиметри карај десната статива.