Спорт
Хрватска тенисерка продаде дел од телото за над 5.000 долари
Хрватската тенисерка Олександра Олијникова успеа да собере над 5.000 долари откако продаде дел од својата десна рака како НФТ дигиталeн фајл, тврдејќи дека новиот сопственик ќе може да заработи над 100 пати повеќе во иднина.
Што точно е НФТ (non-fungible token)? Иако се работи за обичен дигитален фајл, компликуваниот систем на кодирање гарантира дека има само еден таков уникатен фајл (кој може да се копира). Во последно време се плаќаат огрмони суми за вакви НФТ-фајлови на уметнички дела, но и спортски „картички“.
20-годишната Олијникова продаде дел од кожата меѓу својот лакот и рамо во големина од 15 сантиметри на 7.5 сантиметри за три Ether (дигитална валута), која во моментот на трансакција вредеше 5.415 долари. Купувачот, сега, ќе може да напише каква било порака на овој простор (со исклучок на екстремистички пораки и сајтови за обложување), или да го задржи местото празно и да го продаде во иднина.
„Ќе го носам вашиот уметнички објект или порака на секој тениски терен на кој играм. Имам само 20 години и кариерата ми се движи нагоре, така што ќе бидам на најголемите тениски локации на светот“, вели Олијникова, која е на 658. место на ВТА-листата и игра на ИТФ-турнејата.
Популарноста на НФТ-токените станува неверојатна последните месеци. Основачот на Твитер, Џек Дорси, го продаде својот прв твит за неверојатни 2.9 милиони долари, а НФТ влегоа и во спортскиот свет – УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов понуди НФТ-фајлови за своите најверни фанови.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.
Спорт
Баерн го губи трпението со Упамекано
Челниците на Баерн Минхен го губат трпението со Дајот Упамекано, бидејќи се уште не одговорил на понудата за новиот договор.
„Билд“, тврди дека Баерн му поставил ултиматум на Упамекано и неговите менаџери, до средината на февруари да одлучат дали ќе ја прифатат понудата или не.
Инаку, актуелниот договор на Упамекано истекува по завршувањето на сезоната.
Се веруваше дека сè што е поврзано со новиот договор на важниот дефанзивец е финализирано на почетокот на јануари и дека неговото потпишување е само прашање на време.
Сепак, во последните недели, клубот е иритиран од неодлучноста на играчот и неговите менаџери, кои се уште не одоговриле на понудата.
Деталите за новиот договор на Упамекан, кој треба да биде продолжен до 2030 или 2031 година, веќе протекоа во медиумите. На Французинот му е понудено значително зголемување на платата, која треба да изнесува околу 20 милиони евра бруто по сезона, одличен финансиски бонус за продолжување на договорот и откупна клаузула од 65 милиони евра, со важност од 2027 година, на што неговите агенти најмногу инсистираа.
Баерн нема намера да ја подобри својата понуда, а спортскиот директор Макс Еберл зазема цврст став по ова прашање. Тој има и поддршка од надзорниот одбор на клубот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos

