Спорт
Хрватската фудбалска федерација се извини за однесувањето на Ловрен

Хрватската фудбалска федерација (ХНС) се извини на новинарите за однесувањето на дефанзивецот Дејан Ловрен по крајот на мечот за бронзата на СП во Катар, кога фудбалерот на Зенит Санкт Петерсбург влезе во конфликт со новинарите, навредувајќи дел од нив.
При заминувањето од стадионот, Ловрен кон група на хрватските новинари кои го чекаа за изјава им дофрли: „Сега ќе ви даде изјава Лука Модриќ“, но откако двајца од нив се насмеаја, тој ги загуби нервите.
„Кој се смее? Каков е овој начин, не ви е мило, не сте горди? Вие сте едни од ретките кои плукавте по нас од почетокот и не верувавјте. Што се потсмеваш, смрдеж еден“, изјавил Ловрен, посочувајќи кон новинарот на „Слободна Далмација“, Фране Вулас и една негова колешка.
Хрватските медиуми веќе ја обезбедија и аудио-снимката од инцидентот, која може да ја послушате Ловрен.
Ловрен направил скандал со новинарите по триумфот над Мароко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, испрати порака до навивачите на „Црвените“ и застана во одбрана на 22-годишниот Флоријан Вирц, по лошиот почеток на сезоната на германскиот играч од средниот ред на „Енфилд“.
Вирц, кој пристигна ова лето од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти (133 милиони евра), сè уште чека на својот прв гол или асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Ливерпул го сруши британскиот рекорд за трансфери во летниот преоден рок за да го доведе Вирц, кој брилијантно играше во Баер Леверкузен во текот на пет и пол години во Бундеслигата.
Затоа очекувањата од германскиот репрезентативец беа исклучително високи. Сепак, 22-годишникот досега не ги исполни, што предизвика критики од јавноста во Англија.
Притисокот го зголемува и лошата форма на клубот, кој доживеа три порази по ред, што покрена прашања за способностите на Вирц.
И покрај критиките, легендарниот Клоп решително застана зад младиот играч. Во разговор за „Sport.de“, тој им порача на навивачите да бидат трпеливи.
„Неговиот квалитет е извонреден. Дискусиите се малку претерани. Ливерпул загуби три натпревари по ред, што е невообичаено. Но, тоа е и нормално во животот. Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и во еден момент ќе го покаже тоа повторно на секој натпревар, исто како што го правеше во Леверкузен“, рече Клоп.
Спорт
ВИДЕО: Романците во последниот напад ја скршија Австрија, победи за Данска, Полска и за Хрватска

Романија го одржа чекорот во трката за баражот за второто место откако на домашен терен ја совлада Австрија со 1-0. Херој на мечот беше Вирџил Гита, кој постигна гол во 95-тата минута, само дваесетина минути откако влезе како замена, донесувајќи значаен триумф за својот тим.
VIRGIL GHITA 🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴
GOOOOOOL ROMANIAAAAA BUZZER BEATER, ASSIST IANIS HAGI
LOCKED IN, CALIFICAREA SE JOACApic.twitter.com/Kmwb0rgdLB
— Foot Roumain 🇷🇴 (@FootRoumain) October 12, 2025
Данска ја реши Грција уште во првото полувреме, славејќи со 3-1. Расмус Хојлунд отвори резултат во 21. минута, а потоа погодоците ги постигнаа Андерсен и Дамсгард. Грците успеаја да постигнат само почесен гол преку Христос Цолис во второто полувреме.</p
>Полска запиша гостинска победа над Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот уште во 15. минута, а Роберт Левандовски ја потврди победата со погодок во 64. минута.
Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Деби голот на Фрук донесе предност, а иако Ловро Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ се погрижија за убедлив триумф на „коцкестите“.
Спорт
Данев: После Ерменија, да jа победиме и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола ја победи Ерменија со 2-1 и ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус.
Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.
„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“, изјави Димитар Данев за сајтот на ФФМ.