Спорт
Хрватската претседателка на спаринг со УФЦ-шампионот Миочиќ
Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, е позната како голема љубителка на спортот по присуството лани на финалето на СП во Русија, каде што Хрватска загуби од Франција, а сега беше во посета на УФЦ-шампионот во тешка категорија, Американецот со хрватско потекло – Стипе Миочиќ.
Грабар-Китаровиќ беше на посета на Кливленд, од каде што доаѓа Миочиќ, поточно во „Стронг стајл“, центарот каде што тренира последниве 20 години. Тие си разменија подароци – претседателката му даде фудбалски дрес на Хрватска, а Миочиќ чифт боксерски ракавици.
37-годишниот Миочиќ имаше време и за мал тренинг со Грабар-Китаровиќ.
„Вистинска чест. Таа има опасна левица. Благодарност до Хрватска за поддршката“, напиша Миочиќ на „Инстаграм“.
„Научив некои потези. Сега ми следува кампања и се надевам дека ќе ми помогнат“, изјави на шега Грабар-Китаровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка го доби трилерот против Пављученкова
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. По голема борба, најдобрата светска тенисерка ја елиминираше Анастасија Пављученкова во три сета (2:1). По еден час и 53 минути игра резултатот беше 6:2, 2:6, 6:3.
Актуелната шампионка многу потешко од очекуваното успеа да се пласира во следната рунда, особено што мечот го отвори со доминантен прв сет во кој два пати и го одзеде сервисот на противничата.
Русинката одговри во вториот сет. Направи два брејка поведе 1:4, потоа си разменија по брејк, на крајот Пављученкова ја заврши работата.
Вистинската драма се спаси за третиот сет, кој беше отворен со четири последователни сервис-гема во кои тенисерките не успеаја да го одбраната севисот. Пављученкова двапати имаше предност и двата пати ја испушти.
Сабаленка успеа да ги издржи нападите на противничката и потоа во клучниот, осми гем од третиот сет, уште еднаш направи брејк со што го реши прашањето околу пласманот во полуфиналето.
Таа во следното коло ќе се соочи со Пола Бадоса која во два сета (7:5, 6:4) ја совлада Коко Гоф.
Спорт
Фудбалер на Динамо пред трансфер во Интер
Хрватскиот фудбалер Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер.
Според Фабрицио Романо, Сучиќ ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.
Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч.
Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, реши да ја претставува Хрватска, за чија А репрезентација дебитираше на Европското првенство во 2024 година.
Тој е во Динамо од 2022 година, дојде преку младинската академија на Зрињски Мостар.
Спорт
Прашање на време е кога Вокер ќе се пресели на „Сан Сиро“
Кајл Вокер (34), капитенот и легенда на Манчестер сити денеска или најдоцна утре го очекуваат во Милано на медицински прегледи и потпишување на договор за позајмица до крајот на сезоната.
Вокер е во Сити седум и пол години. За клубот одигра 319 натпревари и освои шест трофеи во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Вокер има договор со клубот до летото 2026 година.