Спорт
И Енди Мареј не го поддржува исфрлањето на Русите и Белорусите од Вимблдон
Поранешниот светски број 1, Шкотланѓанецот, Енди Мареј потврди дека не ја поддржува одлуката на Вимблдон да не дозволи настап на руските и белоруските тенисери, иако додаде дека „нема вистински одговор“ во оваа тешка ситуација.
Трикратниот гренд слем шампион, зборувајќи на Мадрид опен, вели дека пораките од британската влада не помогнале и дека со овој потег, семејствата на тенисерите се под „ризик“.
„Не можам да поддржувам суспензии за тенисери. Навистина ми е жал за тенисерите кои нема да добијат дозвола да играат и сфаќам дека тоа е нефер. Но, исто така ги познавам луѓето од Вимблдон и знам во колку тешка позиција беа ставени. Од тога што го сфатив, пораката беше дека руските и белоруските тенисери можат да играат ако потпишат декларација дека се против војната и рускиот режим. Не сум сигурен што би се случило со нивните семејства како резултат на такво нешто. Немам вистински одговор. Зборував со некои од руските и од украинските тенисери“, вели Мареј.
Во неделата и Рафаел Надал застана против суспензијаата.
„Тоа се мои руски тениски пријатели, мои колеги. Не е нивна вина тоа што се случува во моментов со војната“, изјави Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

