Спорт
И покрај уценувањето и скандалот, Валбуена му честиташе на Бензема
Матју Валбуена му честиташе на Карим Бензема за освојувањето на „Златната топка“, иако ѕвездата на Реал Мадрид претходно беше осуден за уценување на поранешниот соиграч од француската репрезентација.
Во 2015 година, Валбуена го обвини Бензема дека соработувал со уценувачите кои бараа пари за да не пуштат секс-лента со Валбуен во јавноста, и по долгиот судски случј, во 2021 година Бензема беше осуден за скандалот. Поради оваа контроверза, Бензема не играше за Франција повеќе од шест години по изненадувачкиот камбек на Европското првенство минатат година.
„Среќен сум за него, тој ја заслужува наградата. Во животот мораш да бидеш искрен, и секогаш сум знаел како да го разделувам фудбалот и остатокот од животот. Тој имаше неверојатна сезона, а кога играш во клуб како Реал Мадрид и имаш такви перформанси, би било необјективно да кажам дека тој не ја заслужува ‘Златната топка’“, вели Валбуена.
38-годишниот Валбуена уште е активен фудбалер и последните три сезони игра во грчкиот клуб Олимпијакос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска во дербито ја победи Франција
Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. .
Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули.
Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се издигнаа како феникс од пепелта. Направија серија од 5-1 и поведоа со 23:21. Водеа со 26:24, а потоа повторно Данците, на крилата на одличниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, направија пресврт и остварија голема победа.
Во победничкиот тим, Гидсел го заврши натпреварот со девет гола, Питлик постигна осум. На другата страна, Мин беше најефикасен со седум гола, а Деска постигна пет гола.
Данска ќе игра против Шпанија за два дена, а Франција против Португалија во второто коло од Група 1 од главната рунда.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа
Foto/ EPA
Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.
Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.
Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.
Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.
Резултати:
Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/
Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/
Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/
Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/
ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/
Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/
Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA

