Спорт
И Шкотска има „случај Миравци“ – Дали Ренџерс е Ренџерс формиран во 1872?
Едно од најлутите спортски ривалства во историјата, дуелот на двата клуба од Глазгов, Селтик и Ренџерс (кои утре ќе се судрат во шкотската Премиерлига) веќе не е „олд фирм“ дерби бидејќи Ренџерс не е истиот историски клуб, тврдат фановите на Селтик, поддржувани и од својот клуб.
Со повеќе од 100 титули меѓу нив, гигантите од Глазгов се разделени со идентитет, политика и религија во Шкотска, но сега, дури и официјалниот веб-сајт на Селтик го нарекува дербито само „дерби на Глазгов“, а не „олд фирм“.
? Glasgow Derby #FridayFeeling
A look back at the first Derby of last season… #CELRAN ? pic.twitter.com/2az1xO9D9i
— Celtic Football Club (@CelticFC) October 16, 2020
Објаснувањето на навивачите на Селтик е едноставно – клубот Ренџерс, кој е формиран во 1872 година е „умрен“ во 2012 и затоа навивачите на Ренџерс се „зомбија“.
Во 2010/11, Ренџерси ја освоија својата 54. титула во историјата, но клубот беше во незавидна финансиска ситуација, со долг од 30 милиони фунти на банкарската групација „Лојдс“. Газдата на клубот, Дејвид Мареј, го продаде клубот во мај 2011 на Крег Вајт за само една фунта, но во февруари 2012, клубот отиде во стечај и загуби 10 поени откако не го плати данокот на државата. Во мај истата година клубот должеше 134 милиони фунти, и во јуни 2012 компанијата „Ренџерс фудбал клуб плц“ беше ликвидирана.
Името го купи компанијата „Севко Скотланд“, која потоа беше преименувана во Ренџерс ФЦ. Новите газди не успеаја да го преземат местото на Ренџерс во шкотската Премиер лига, и во 2012/13 клубот се натпреваруваше во третата дивизија, односно четвратата лига. Менаџерот Али Меккоист остана на чело на клубот, но сите фудбалери од првиот тим заминаа бидејќи клубот официјално не постоеше.
Во 2015 година, навивачите на Селтик платија оглас во локалните весници во кое тврдеа дека Ренџерси кои играат на „Ајброкс“ се нов клуб и дека нема да има „олд фирм“ дерби. По ова, Селтик побара Ренџерси да не можат да се рекламираат како „најуспешен шкотски клуб“, но Ренџерс доби поддршка од УЕФА, која дозволи „спортски континуитет“ на клубот. Ренџерси го загубија членството во Европската клупска асоцијација (ЕЦА), но потоа беа примени како придружни членови.
Случајот со Ренџерс наликува на ситуација во македонскиот фудбал, односно фузирањето на ФК Вардар и ФК Миравци во 2011 година. Тогаш Вардар испадна од Првата лигата, но по фузијата го презеде местото на Миравци, кои успеаја да влезат во Првата лига по плејоф победата над Скопје. Голем дел од ривалските навивачи на Вардар уште со потценување го нарекуваат скопскиот клуб Миравци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.
Спорт
Калафиори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми
Јувентус бара нови играчи во одбраната, откако е извесно дека Бремер ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Еден од можните наследници на Бразилецот е фудбалерот на Болоња, 21-годишниот Рикардо Калафиори. Барем така сметаат во клубот, бидејќи фудбалерот не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажа славниот италијански клуб.
Играчот чија вредност според „Трансфермаркт“, скокна од пет милиони евра на 25 милиони евра од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година.
Калафиори вели дека сака да го испочитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во Јувентус.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Попрво би останал овде отколку да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.
Спорт
(Видео) При резултат 5:1, во 92.минута Тонали намерно добил жолт картон?
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена дисциплинска постапка против играчот на Њукасл, Сандро Тонали (23), поради наводни прекршувања на обложувањето по неговата преселба во Премиер лигата.
За потсетување, италијанскиот играч од средниот ред веќе одлежува 10-месечна суспензија откако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го казни минатиот октомври поради прекршување на правилата за обложување додека беше играч на Милан.
Тонали призна дека ги прекршил правилата за коцкање во својата земја, се обложувал од 2020 до 2023 година на нелегални платформи, а неговата суспензија трае до 27 август.
Сега постапка против него покрена и ФА откако 50 пати ги прекршил правилата, обложувајќи се на фудбалски натпревари помеѓу 12 август и 12 октомври 2023 година.
Откако беше објавено дека Тонали е под истрага и од Англија, се појави видео од натпреварот Њукасл-Астон Вила на 12 август, кога тој дебитираше за „страчките“.
Тонали, беше заменет во 92.минута, а бидејќи бавно ги напушташе теренот доби жолт каротн. Инаку во тој момент Њукасл имаше предност 5:1.
— Goncalodias2 (@goncalovideoss) October 17, 2023
Многумина веруваат дека Тонали точно знаел што прави во оваа ситуација и дека намерно добил жолт картон, бидејќи се обложил. Италијанскиот играч за врска има рок до 5 април да одговори на обвинувањата на ФА.
Тонали во јули минатата година од Милан се пресели во Њукасл за 70 милиони евра, што го прави најскапиот италијански играч во историјата.