Спорт
И со нов тренер, Валенсија продолжува да тоне (видео)

Ниту шестото враќање на Воро на клупата на Валенсија не помогна да се подобри формата на „лилјаците“, кои дома загубија со 0:2 од Атлетик Билбао за да паднат на 10. место на табелата со само една победа по рестартот на Ла лига.
Алберт Селадес беше отпуштен вчера, но тоа очигледно не ги подобри работите во тимот – Раул Гарсија стрелаше во 13. и во 47. минута за Билбао да ги однесе трите поени од „Месталја“ и да се искачи на седмото место на табелата.
Алавес пак, се постави во позиција да се бори за опстанок до крајот на шампионатот, откако дома загуби со 0:2 од Гранада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На сите играчи кои ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.
Спорт
Сити му нуди нов договор на Дијаш

Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Дијаш (28) треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.
Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Дијаш, кој има загарантирано место во првиот тим.
Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.
Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.
Спорт
Шешко се договорил со Манчестер јунајтед

Трансфер сагата околу Бенјамин Шешко е се поблиску до разрешница. Њукасл и Манчестер јЈунајтед доставија понуди, а напаѓачот јасно кажа каде сака да ја продолжи кариерата.
Фудбалерот ги договорил финансиските удлови со Манчестер јунајтед. Сега на потег е Лајпциг. Клубот преферира да го продаде Шешко во Њукасл. Понудата на клубот од „Сен Џејмс Парк“ е за пет милиони евра повисока од понудата на Манчестер јунајтед.
Оваа пат позиција може да се реши на два начина. Или Манчестер јунајтед ќе ја зголеми својата понуда, или Лајпциг ќе го продаде напаѓачот во Њукасл.
Во моментов, првото сценарио изгледа поблиску. Бидејќи намарата на Шешко е преселба во Манчестер. Тој се согласи на соработка до 2030 година.
Foto/ „X“