Спорт
И Виктор Троицки позитивен на КОВИД-19, Ѓоковиќ утре ќе открие

По Григор Димитров и Борна Чориќ, уште еден учесник на „Адрија турнејата“, српскиот тенисер Виктор Троицки се позитивен на корона вирус, откако неодамна се повлече од источноевропскиот шампионат кој се оддржуваше во Белград, јавува српски „Курир“.
Организаторот на турнирот, и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се врати во Белград, каде што веднаш му беше направен тест на КОВИД-19, а српските медиуми јавувааат дека тој утре ќе се обрати на јавноста, откако целата организација на тениските турнири беше нападната како неодговорна и небезбедна.
Доминик Тим, Марин Чилиќ, Александер Зверев и Андреј Рубљев претходно објавија дека се тестирале и дека се негативни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хојлунд е на чекор до преселба на „Сан Сиро“

Манчестер јунајтед се согласи да го позајми Расмус Хојлунд на Милан, но договорот сè уште не е дефинитивно склучен.
Данскиот напаѓач стана вишок на „Олд Трафорд“, откако во клубот дојдоа Матеуш Куња и Бенјамин Шешко. Милан веднаш покажа сериозен интерес за Хојлунд.
Според „Газета дело Спорт“, се очекува челниците на Јунајтед да му соопштат на официјален состанок, на Хојлунд, дека е вишок во тимот, а потоа треба да се пресели на „Сан Сиро“.
Манчестер е подготвен да го испрати на позајмица, а двата клуба сè уште не го дефинирале моделот по кој Хојлунд би се преселил во италијанскиот гигант.
Сигурно е дека по завршувањето на сезоната, Милан ќе мора да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед. Според медиумите станува збор за сума од околу 35 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Столбот на одбраната на Челзи се здоби со тешка повреда

Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза.
Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран.
Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и 12 месеци, во зависност од брзината на закрепнувањето.
Менаџерот Енцо Мареска ги има на располагање Весли Фофана, Тревор Чалоба, Ренато Веига, Аксел Дисаси, Беноа Бадијашил, Тосин Адарабиохо и Арон Анселмино.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата на 17 август, кога ќе го пречека Кристал Палас.
Спорт
Мората се враќа во Серија А

По Јувентус и Милан, Алваро Мората ќе игра во Серија А и за Комо. Галатасарај попушти и се согласи да ја раскине позајмицата на искусниот напаѓач, кој минатата зима пристигна од Милан на една година.
Според информациите што доаѓаат од Италија и Шпанија, Турците ќе добијат 5.000.000 евра од Комо, додека Милан ќе добие 1.000.000 за позајмицата.
Милан наредното лето ќе заработи уште 9.000.000 евра, бидејќи Комо ќе мора да го откупи договорот на Мората.
Ова значи дека Комо ќе потроши вкупно 15.000.000 евра за обештетување за 32-годишниот напаѓач.
Комо се исклучително активни во овој преоден рок, досега клубот на засилувања потроши над 100.000.000.
Foto/ EPA/OLAF KRAAK