Спорт
Ибрахимовиќ: Јас сум лидерот, сите други работат за мене
Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанските медиуми во пресрет на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите. Милан во новата сезона влезе со пораз од Ливерпул (1:3).
Ибрахимовиќ зборуваше за многу теми, а во еден момент му одговори на Звонимир Бобан, кој пред неколку дена изјави дека не му е јасна улогата што ја има Ибрахимовиќ во клубот.
„Моето отсуство? Кога лавот не е тука мачињата се главни. Кога лавот ќе се врати, мачињата исчезнуваат. Нивото е многу ниско, премногу се зборува, но јас мислам само на работа. Бев отсутен од лични причини. но јас сум тука од првиот ден Мојата улога е едноставна: јас сум лидерот, а сите други работат за мене“, рече Ибрахимовиќ.
Да потсетиме, Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на кариерата стана советник во Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Му се „тресе“ столчето на Фонсека, Ибрахимовиќ го контактирал Терзиќ
Златан Ибрахимовиќ започнал да преговара со кандидати за тренерската позиција во Милан.
Милан не ја започна најдобро сезоната, на неубедливите изданија во Серија А се надоврза поразот од Ливерпул, во вторникот во Лигата на шампионите. Милан беше во подредена положба против Ливерпул, поради што, според медумите, во клубот се размислува за смена на тренерот.
Златан Ибрахимовиќ го контактирал Един Терзиќ, кој се уште е слободен откако замина од Борусија Дортмунд, пишува „Скај спорт“.
Судбината на Пауло Фонсека, на клупата на Милан ќе ја одреди исходот на градското дерби против Интер.
Да потсетиме, минатата сезона Борусија Дортмунд предводена од Терзиќ стигна до финалето на Лигата на шампионите, а пред една година беше на прагот да ја освои титулата во Бундеслигата. Останаа без неа во последното коло, кога дома загубија од Мајнц.
Спорт
Динамо го отпушти тренерот Јакировиќ
Сергеј Јакировиќ (47) повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2).
Јакировиќ на клупата на Динамо остана нешто помалку од 13 месеци. Тој на „Максимир“ пристигна на почетокот на минатата сезона во контроверзен трансфер, кога ненадејно ја напушти Риека, кога доби понуда од Динамо.
Динамо успешно го предводеше до двојната круна, а летово успешно мина низ квалификациите за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
Претходно ги водеше Сесвете, Горица, Марибор и Зрињски.
Досега како потенцијални замени се споменуваа поранешниот тренер на Динамо Ненад Бјелица и до неодамна тренер на Риека Жељко Шопиќ кои моментално се без работа. Се шпекулираше и со името на поранешниот селектор на Хрватска, Нико Ковач, но според хрватските медиуми тврдат дека тој нема да го преземе Динамо.
Спорт
Де Брујне неизвесен за Арсенал
Манчестер сити не успеа да го победи Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а дополнителен проблем за тренерот Пеп Гвардиола е повредата на Кевин Де Брујне.
Белгиецот поради повреда беше заменет на полувремето од натпреварот против тимот на Милано.
„Не знам точно во што е проблемот. Сè уште не сум разговарал со лекарите. Верувам дека се ќе биде појасно во петок“, изјави тренерот Пеп Гвардиола.
Според медиумите во Англија, мали се шансите Де Брујне да го започне натпреварот против Арсенал во Премиер лигата, во недела.
Сити освои четири последователни титули на островот, а Арсенал е нивниот главен ривал во последните две сезони.