Спорт
Ибрахимовиќ: Го „златанизирав“ Стефано Пиоли
Златан Ибрахимовиќ вели дека го „златанизирал“ тренерот Стефано Пиоли, кој во Милан покажал дека е голем тренер и во исто време потврди дека нема трпение со своите помлади соиграчи кај „росонерите“.
„Кога дојдов во јануари 2020, можеби го ‘златанизирав’ Пиоли и го направив многу повеќе како мене. Тој пристигна во Милан, каде што имаше тешка атмосфера. Ако сме сега тука каде што сме, тоа е негова заслуга бидејќи покажа дека е голем тренер. Има вистински менталитет и очекува многу од тимот иако се работи за млади момци. Можеби има повеќе трпение од мене, но затоа е постар и позрел од мене. Тој е навикнат на ситуација во која се бори да остане во Серија А, што е многу поинаку од тоа да си навикнат на врвот. Сега покажа дека е достоен за ова ниво. Мене, пак, не ми е грижа. Не е важно колку години имаш, нема време за губење во Милан. Мора да играш добро сега. Ако не играм добро, Милан ќе донесе друг напаѓач и така е за секого“, вели Златан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.
Спорт
Упанекано бара 16 милиони евра или ќе си замине бесплатно
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, наводно му поставил на клубот ултиматум поврзан со продолжувањето на договорот. Францускиот репрезентативец влегува во последните шест месеци од договорот и јасно стави до знаење дека европските гиганти Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања доколку баварскиот клуб не ги исполни неговите финансиски барања.
Преговорите меѓу Баерн и францускиот репрезентативец, дојдоа до критична точка. Според „Кикер“, менаџерите на Упамекано го информирале раководството на клубот дека преговорите се практично завршени, освен ако не се исполнат нивните специфични финансиски услови.
27-годишникот, чиј договор истекува во јуни 2026 година, ќе може да потпише преддоговор со друг клуб на 1 јануари, оставајќи му на Баерн само неколку недели да ја ги прифати барањата или да ризикува да го изгуби без обештетување.
Упамекано е столб на одбраната под водство на Винсент Компани оваа сезона, одигра 20 натпревари во сите натпреварувања. Неговите менаџери се фрустрирани од бавното темпо на преговорите и неподготвеноста на клубот да ја наруши својата структура на плати.
„Кикер“ и „Спорт Билд“ објавуваат дека Упамекано бара годишна плата од 16 милиони евра, вклучувајќи бонуси, со специфични клаузули за откуп што би му дале контрола врз иднината на неговата кариера.
Сржта на проблемот лежи во напорите на Баерн да ги намали финасиските барања. Иако клубот го смета продолжувањето на договорот на Упамекан за приоритет, не сака да се согласи со барањата што би го сместиле меѓу најплатените играчи во тимот.
Од друга страна, менаџерите на фудбалерот тврдат дека неговите перформанси го оправдуваат таков статус, особено имајќи ја предвид пазарната вредност на елитните дефанзивци во нивниот најдобар период.
Ултиматумот врши голем притисок врз спортскиот директор Макс Еберл и раководството на Баерн. Доколку го одбијат она што го сака, Упамекано е подготвен да дозволи неговиот договор да истече. Губењето на играч вреден околу 60 милиони евра без обештетување би бил значаен финансиски удар.
Дополнителна главоболка за Баерн создава отворениот интерес на европските финансиски гиганти. Извештаите тврдат дека и Реал Мадрид и Пари Сен Жермен испратиле сигнали дека се подготвени целосно да ги исполнат финансиските барањата на Упамекано.
Foto/depositphotos

