Спорт
Ибрахимовиќ си подари Ферари од еден милион евра

Златан Ибрахимовиќ, може да се каже, знае како да живее…
Легендарниот напаѓач во четврток на 3. октомври го прослави својот 43 роденден, а најубавиот (и најскапиот) подарок го доби од Златан Ибрахиновиќ.
Возниот парк на поранешниот шведски репрезентативец е побогат за црно „Ferrari SF90 XX Stradale“ вредно речиси еден милион евра.
Овој модел, кој е произведен во само 799 примероци, има импресивни технички можности.
За Ибрахимовиќ ваквиот начин на прославување на роденденот стана традиција во последните пет години.
Happy Birthday to Zlatan pic.twitter.com/QuB09DILDg
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 3, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ти Џеј Шортс МВП на 32.коло во Евролигата

Македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч (МВП) на 32. коло во Евролигата, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Шортс забележа 20 поени, 14 асистенции и девет скока за 30 минути во победата на Париз, во Атина над Панатинаикос од 101:98.
Тој имаше индекс на корисност 36 и со тоа по четврти пат ја освои наградата за најдобар играч на колото.
Кошаркарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ постигна индекс 32, откако забележа 28 поени и девет скока во поразот од Барселона (98:88).
Кендрик Нан од Панатинаикос имаше индекс 31 против Париз, забележа 22 поени, девет асистенции и осум скока.
Кошаркарите на Виртус и Ефес, Торнике Шенгелија и Илија Брајант забележаа индекс 28.
Спорт
Проекција на „Football rankings”: Македонија нема да игра на СП во 2026

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија освои четири бода во првите две рунди, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Познатата веб-страница „ Football rankings” направи проекција кои репрезентации би можеле да се пласираат на Мундијалот во 2026 година.
Првенството во северна и средна Америка ќе биде прво со 48 репрезентации. Според проекцијата на „ Football rankings”, Македонија нема да избори пласман од групата во која се Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Од Ј групата во која е Македонија, прогнозата е дека само Белгија ќе игра на СП, а ждрепката ќе ја чека од првиот шешир.
Вака изгледа проекцијата за ждрепката на „ Football rankings”.
Македонија има 11 отсто шанси за директен пласман на СП, 24 отсто шанси за место во баражот
Спорт
Анчелоти откри дали ќе го преземе Бразил

Сè почеста тема меѓу Шпанците, а всушност и целата светска јавност беше дали Карло Анчелоти ќе го преземе тренерскиот штаб на бразилската фудбалска репрезентација.
Овие приказни дополнително се разгореа по дебаклот против Аргентина и отказот што му беше врачен на селекторот Доривал во петокот.
Бразил, без сомнение, тргна по Анчелоти, но тој уште еднаш демантираше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата со најмногу мундијали во историјата на фудбалот.
„Не“, кратко и јасно порача Анчелоти.
Се веруваше дека поради неговите многу добри односи со Винисиус, Родриго, Ендрик, Едер Милитао, Касемиро може да се реши на таков чекор, но тоа очигледно нема да биде така.
„Имам договор со Реал Мадрид и немам што да додадам на таа тема. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал Мадрид и се е јасно“, додаде Анчелоти.