Спорт
Идеален тим во ЛШ: Најмногу од Ливерпул, повеќе има од Ајакс отколку од Тотенхем
Ливерпул и Тотенхем синоќа во Мадрид ја спуштија завесата на годинешното издание на фудбалската Лига на шампиони. Техничката комисија на УЕФА имаше задача да го избере идеалниот тим на сезоната во елитното натпреварување.
На списокот се најдоа 20 фудбалери.
Најмногу фудбалери, дури шестмина,во идеалниот тим на сезоната има од освојувачот на ЛШ. Ливерпул. Таму се најдоа голманот Алисон, Ван Дајк, Александер Арнолд, Робертсон, Вајналдум и Мане.
Потоа петмина во идеалниот составе се од редовите на Ајакс. Место имаше за Тадиќ, за Де Лихт, Де Јонг, Зијес и Нерес.
Од редовите на Тотенхем во составот се Вертонген, Сисоко и Лукас Моура.
Место имаше и за ѕвездите на Манчестер Сити, Де Брајн и Стерлинг, а секако во тимот се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Позитивно изненадување е што меѓу одбраните 20 играчи место имаше и за првотимецот на Лион, Танг Ндомбеле, а свое место заслужи и голманот на Барса, Тер Штеген.
Комисијата која ги одбираше најдобрите во сезоната е во состав:
Томас Шаф, Петер Рудбек, Дејвид Мојс, Раул, Пеки Бонер, Мајкл Онил, Герет Саутгејт, Роберто Мартинез и Хинез Мелендез.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

