Спорт
Идеалниот тим на Буфон: од Малдини и Баџо до Роналдо и Мбапе
Џанлуиџи Буфон вчера објави дека нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека по завршувањето на сезоната, вторпат во кариерата ќе го напушти клубот.
Во чест на Буфон порталот Livescore го објави идеалниот тим составен од неговите соиграчи од репрезентацијата и клубовите за кои настапувал (Парма, Јувентус, ПСЖ).
Во екипата, покрај Буфон, се: Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Алесандро Неста, Паоло Малдини – Андреа Пирло, Павел Недвед, Роберто Баџо, Алесандро дел Пјеро – Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе.
Инаку, 43-годишниот Буфон не соопшти дали заминувањето од Јувентус значи и крај на неговата кариера.
Џиџи Буфон е рекордер во Серија А, досега во кариерата одиграл 656 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе
Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4:1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.
„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.
Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.
Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.
Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.
Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.
Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.
Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.
Foto/ EPA
Спорт
Рома се прошета низ Кремонезе
Фудбалерите на Рома славеа победа во Кремонезе (3:1) и се вратија на челната позиција во Серија А.
Тимот од главниот град на Италија лесно мина на теренот на екипата која е повратник во Серија А.
По оваа победа, Рома стигна до 27 бода, што е два бода повеќе од Наполи и три повеќе од Интер, кој има натпревар помалку. Вечерва Интер го игра градското дерби против Милан.
Рома поведе по 17 минути игра, кога Матијас Суле, на асистенција на Коне, му донесе водство на својот тим.
Овој резултат важеше до 64-та минута кога Еван Фергусон ја удвои предноста на Рома. Третиот гол за Рома го постигна Весли.
Почесниот гол за Кремонезе го постигна Франческо Фолино во судиското продолжение.
Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, мораше рано да ја напушти клупата, бидејќи доби црвен картон во 62-та минута.
Римјаните ќе се сретнат со Наполи во „Дерби дела Соле“ во следната рунда.
Спорт
(Видео) Роџерс режисер на пресвртот на „Елан Роуд“
Фудбалерите на Астон Вила победи на гостувањето во Лидс (2:1)во 12-то коло од Премиер лигата.
Астон Вила ја продолжи победничата серија и скокна на четвртото место на табелата, додека Лидес, спротивно на очекувањата се наоѓа во опасната зона.
Вила на „Еланд Роуд“, победи со пресврт во вториот дел. Творец на пресвртот беше најдобриот играч Морган Роџерс.
Лидс имаше предност од осмата минута кога Мартинез беше совладан од Нмека.
Морган Роџерс стапи на сцена во вториот дел и со два убави гола во 48-та и 75-та минута го режираше пресвртот.

