Спорт
Иџе Стефановски оствари триумф на трката во Португалија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе беше стигна до победа во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.
Тој со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.
Иџе втора година по ред триумфално се враќа од Брага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан ќе отвори преговори со Левандовски

Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски.
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори.
Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да преговара и да потпише за друг клуб.
Каталонски „Спорт“ го спореди полскиот напаѓач со искусниот Лука Модриќ, кој неодамна пристигна во Милано по завршувањето на договорот со Реал Мадрид.
„Како и Модриќ, Левандовски е играч кој одлично се грижи за своето тело, исхрана и подготовки. Затоа е му е лесно да биде конкурентен дури и во ветеранските години“.
Спорт
Ливременто ќе отсуствува осум недели

Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото.
Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1.
Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред.
Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во моментов. Ливраменто има 23 години, по татко е од Португалија, а по мајка е од Шкотска.
Валентино Франциско Ливраменто, како што гласи неговото целосно име, помина низ сите помлади категории на англиската репрезентација, а минатата година дебитираше за репрезентацијата.
Спорт
(Видео) Сити и Јуве во 90-та минута испуштија победи

Foto/ EPA
Јувентус и Манчестер сити во 90-та минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник.
Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, покрај победата на ПСЖ во Барселона (2:1), со голот на Рамош во 90-та минута, ја обележаа дефанзивецот на Јувентус, Федерико Гати со спектакуларен гол против Виљареал во 49-та минута, и Скандинавците Расмус Хојлунд и Ерлинг Халанд, кои постигнаа по два гола за Наполи, односно Манчестер сити.
Резултати:
Монако – Манчестер Сити 2:2 (1:2)
/Тези 18, Даер 90 стр. – Халанд 15, 44/
Арсенал – Олимпијакос 2:0 (1:0)
/Мартинели 12, Сака 90+2/
Барселона – ПСЖ 2:1 (1:1)
/Торес 19 – Мајулу 38, Рамош 90/
Борусија Дортмунд – Атлетик Билбао 4:1 (1:0)
/Свенсон 28, Чуквуемека 50, Гираси 82, Брант 90+1 – Гурузета 61/
Леверкузен – ПСВ 1:1 (0:0)
/Кофане 65 – Сајбари 72/
Наполи – Спортинг 2:1 (1:0)
/Хојлунд 36, 79 – Суарез 62/
Виљареал – Јувентус 2:2 (1:0)
/Микаутадзе 18, Веига 90 – Гати 49, Консеисао 56/