Спорт
Игало со два гола, Јунајтед лесно против Дерби каунти (видео)
Манчестер јунајтед се пласираше во четврт-финалето на ФА купот, откако на гостувањето кај Дерби Каунти стигнаа до рутинска 0:3 победа предводени од нигерискиот напаѓач Одион Игало, кој постигна два гола за дуел со Норич во следната фаза.
Мечот на полниот „Прајд парк“ беше значителен поради тоа што третпат во кариерата рекордниот стрелец на „ѓаволите“, Вејн Руни играше против нив, но на крајот второлигашот не успеа да направи подвиг.
Лук Шо го отвори резултатот во 33. минута со убав лоб-гол, по што на сцена стапи Игало, фудбалерот кој Јунајтед го донесоа во последниот ден од преодниот рок како итна замена за повредениот Маркус Рашфорд, со гол во 41. минута. Игало стрелаше и во 70. минута за да се комплетира задоволителната победа за тимот на Оле Гунар Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

