Спорт
Играчите на Реал и претседателот Перез му го вртат грбот на Анчелоти

Реал Мадрид го загуби првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија против Барселона (0:1). По натпреварот, тренерот на Реал Карло Анчелоти, изјави дека победата на Барселона не е заслужена, а медиумите објавија дека Италијанецот полека ја губи поддршката од своите играчи.
„Односот меѓу Анчелоти, клубот и играчите е променет. Се зголемува бројот на челниците на Реал кои бараат негово заминување од клубот и се поголем е бројот на играчи кои се незадоволни од италијанскиот тренер“, пишува удерникот на „Релеве“, Алфредо Мантиља.
Наводно, конфликтот меѓу Анчелоти и претседателот Флорентино Перез започнал по нерешениот резултат во Примера со Атлетико (1:1). Перез го обвинил Анчелоти за нерешениот резултат, бидејќи оставил неколку стандардни играчи на клупата.
„Сето ова влијае на тимот секој ден. Неколку играчи сакаат да ја искористат оваа нестабилност и да изборат подобар статус за себе. Затоа се повеќе и повеќе го кодошат Анчелоти кај претседателот Перез”.
Италијанскиот селектор има понуда да ја преземе бразилската репрезентација, но на Бразилците им порача дека одлука може да донесе дури по завршувањето на сезоната.
„Анчелоти е навреден бидејќи чувствува дека Реал се надева дека ќе го избере Бразил. Тоа го боли“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Украдени велосипеди вредни 250.000 евра

Велосипедскиот тим Висма, тимот на лидерот на Вуелта, Данецот Јонас Вингегор, се соочи со голем проблем. Преку ноќ од камионот на механичарот биле украдени велосипеди. .
Италијанската полиција, во земјата каде што се одржуваат воведните етапи на Вуелта, го истражува случајот и вели дека се украдени „неколку велосипеди“. Медиумите објавија дека украдени се 18 велосипеди чија вредност изнесува 250.000 евра.
„Нашите механичари работат многу напорно за да се осигурат дека тимот е целосно подготвен за третата етапа“, се вели во соопштението на тимот.
Вингегор ја зеде црвената маичка за лидерот во трката, со победата на етапата во недела.
Двократниот победник на Тур де Франс сепак ќе биде без помошта на својотколега Аксел Зингл во остатокот од трката, кој мораше да се повлече по тешкиот пад на дождливата етапа во неделата.
Третата етапа е долга 134,6 километри и завршува со искачување до Церес во италијанските Алпи, северозападно од Торино.
Вингегор, кој веќе двапати го освои Тур д’Франс, се смета за главен фаворит на овогодинешната Вуелта, бидејќи актуелниот победник на Тур д’Франс, Тадеј Погачар, и четирикратниот шампион на Вуелта, Примож Роглич не учествуваат на оваа трка.
Спорт
(Видео) Тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.
Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.
Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.
Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.
По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.
Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.
Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.
foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI