Спорт
Икарди-самит во Милано, никаков прогрес
Според „Скај спорт Италија“, состанокот помеѓу директорот на Интер, Бепе Марота, Мауро Икарди и неговата сопруга и агент, Ванда Нара, не донел никаков прогрес во ситуацијата за аргентинскиот напаѓач кому неодамна му беше одземена капитенската лента на италијанскиот клуб. Од Интер го потврдија разговорот.
„Генералниот директор на ’Интер спорт’, Џузепе Марота, денеска имаше срдечен состанок со Мауро Икарди и Ванда Нара во потрага по решение за задоволување на најдобрите интереси за сите вклучени“, се вели во објавата на официјалниот твитер-налог на „Интер“.
L’Amministratore Delegato Sport dell’Inter Giuseppe Marotta ha incontrato nella giornata odierna @mauroicardi e Wanda Nara.
Si è trattato di un incontro cordiale volto alla ricerca di una soluzione nell’interesse di tutte le parti coinvolte #FCIM— Inter (@Inter) March 6, 2019
Начинот на кој е објавено ова предизвика многу потсмев во Италија бидејќи сите инсистираат дека отсуството на Икарди од тимот е поради повреда од коленото, која одеднаш се појави кога тој ја загуби капитенската лента.
Според познатиот новинар на „Скај спорт“, Џанлука ди Марцио, нема никаков прогрес во разговорите и двете страни остануваат на своето. Клубот нема намера да ја врати капитенската позиција, а сопругата на Икарди, Нара, тврди дека тој не направил ништо погрешно. На состанокот воопшто не се зборувало за нов договор за Икарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

