Спорт
Икер Касилјас и Сара Карбонеро веќе не се заедно!
Нивниот бакнеж пред ТВ-камерите во 2010 година влезе во историјата како еден од највпечатливите моменти на славните личности. Тогаш легендарниот голман на Реал Мадрид со Шпанија го освои фудбалскиот мундијал, а првото интервју по финалето го даде за – Сара Карбонеро.
По нешто повеќе од 10 години, тие двајца се разведоа, ова е веста на денот во Шпанија.
Весникот Lekturas објави вест дека Сара и Икер веќе не се заедно. Од медиумот информираа дека новинарката и ексголманот веќе со недели не живеат заедно. Ја прашале Карбонеро за коментар, таа не сакала да даде изјава.
На почетокот на минатиот месец сè уште сè изгледало складно, Икер ѝ го честитал 37. роденден на Сара на „Инстаграм“, а неколку дена подоцна биле видени во јавност заедно.
Потоа, според информациите, Икер се преселил во луксузниот апартман во Мадрид, а Сара останала да живее во семејната куќа.
Тие двајца официјално се венчаа на 20 март 2016 година, а ги имаат ќерката Мартина, која е родена во 2014 година, и синот Лукас, кој е роден во 2016 година.
Две семејни несреќи ги потресоа изминатите години.
Најпрвин Икер во мај 2019 година доживеа срцев удар на тренинг на Порто, а 3 недели подоцна Сара дознала дека има рак на јајчникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

