Спорт
Илиевски: Заслугата за триумфот во Штип е на фудбалерите
Работнички оствари важен триумф (1:3) на гости против Брегалница во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Тоа беше дебитантска победа за новиот шеф на стручниот штаб Милан Илиевски, кој заедно со Баже Илијоски, го презеде тимот во текот на репрезентативната пауза.
Задоволство по триумфот секако е присутно, но Илиевски вели дека сега фокусот е веднаш насочен кон куп-натпреварпот против Струга Трим Лум.
„Задоволни сме, на триумф не се гледа низ заби. Морам да кажам дека целата заслуга оди за фудбалерите, кои одиграа одлично и во целост ги исполнија сите наши планови пред натпреварот. И да имаше некоја грешка, секако анализата ќе ни послужи да бидеме уште подобри на наредните натпревари. Кога го презедов Работнички на момците им реков дека мораат да веруваат во себе. Во овој тим има двајца поранешни репрезентативци, капитенот Крсте Велкоски и Арменд Алими, еден актуелен член на националниот тим, голманот Игор Алексовски, двајца младински репрезентативци Димитар Тодоровски и Методи Максимов, и уште неколку млади сили, Манојлов, Елмас, и останатите…Едноставно, нивниот квалитет и потенцијал заслужува тимот да биде пласиран многу подобро на табелата. Ќе работиме напорно, против Брегалница беше одлично и веруваме дека ќе одиме напред“, вели Милан Илиевски за официјалниот сајт на клубот.
В среда Работнички гостува во Струга во Купот на Македонија…
„Сигурно нема да одиме таму само за да го видиме езерото. Имаме свои идеи, имаме свој план, имаме и максимално мотивиран тим кој сака да одигра нов квалитетен натпревар. Струга Трум Лум има одличен состав, непоразени се од почетокот на сезоната, но Купот е секогаш интересно натпреварување, а само еден може да продолжи во следната рунда“, истакнува Илиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Астон Вила не запира, Роџерс му пресуди на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Јунајтед (2:1) на свој терен во дербито на 17-то коло од Премиер лигата. Астон Вила ја забележа скромната шеста победа во 61-от меѓусебен дуел со Јунајтед во Премиер лигата.
Головите, со кои Вила ја продолжи победничката серија ги постигна Морган Роџерс во 45-тата и 58-та минута. На другата страна, Матеус Куња погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
За да биде уште полошо за „црвените ѓаволи“, капитенот и најдобар играч Бруно Фернандес се повреди и ја напушти играта на полувремето.
Единствениот позитивен факт е дебито на Џек Флечер (18), син на познатиот Дарен, играч на првиот тим на Јунајтед од времето кога клубот предовен од сер Алекс Фергусон владееше во Премиер лигата.
Роџерс речиси постигна два идентични гола на овој натпревар, со прецизен удар во спротицниот агол, при што првиот беше особено импресивен.
Куња постигна гол по големата грешка на Мети Кеш и добрата реакција на Патрик Доргу.
Куња беше тој што ја имаше најдобрата шанса во 68-та минута за израмнување, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата.
Вила ја забележа својата 10-та победа по ред во сите натпреварувања и моментално е трета во Премиер лигата со 36 бода, три помалку од лидерот Арсенал. Следен противник за тимот на Унаи Емери е Челзи.
Јунајтед е седми со 26 бода, а негов следен ривал е Њукасл.
Фото/ Depositphotos
Спорт
Тренерот на Милан се соочува со жестока казна
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта.
Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот италијански фудбалер.
Во случај да не добие суспензија, трофејниот италијански стручњак веројатно ќе биде „удрен во џебот“, а Дисциплинската комисија е таа што треба да одлучи каква казна ќе му одреди на Алегри.
Од Наполи веќе изјавија дека се надеваат, дека Алегри ќе добие соодветна казна за своето простачко однесување.
„Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, беше невозможно да не се види што се случи“, се вели во соопштението на клубот кој ќе се бори против Болоња за титулата победник на италијанскиот Суперкуп.
За потсетување, Милан ќе го игра својот следен натпревар во Серија А само во недела, 28 декември во Верона.
Foto/ freerangestock

