Контакт

Спорт

Има милиони, а живее со родителите, нема да се жени до крај на кариерата

Објавено пред

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон (26) открива дека нема да се жени се додека не ја заврши фудбалската кариера. Така го советувал неговиот татко кој исто така бил фудбалер во Јужна Кореја.

„Апсолутно се согласувам со татко ми. Кога ќе се ожениш, тоа е семејство – жена, деца на прво место, а дури потоа доаѓа фудбалот. Јас сакам се додека играм на врвно ниво, фудбалот да ми е приоритет. Кога ќе се пензионирам или кога ќе имам 33, 34 години, и тогаш ќе можам да основам семејство и со него среќно да живеам“ – вели Сон.

Во разговор за „Гардијан“ тој открива дека живее во трособен стан заедно со родителите, иако заработува милиони.

„Додека бевме деца, татко ми не држеше по 4 часа на тренинг. Веќе после третиот час играње гледав повеќе топки, наместо една. Теренот беше црвен. Бев уморен. Постојат различни ставови во Азија и во Европа, но секако, луѓето си мислам: `Зошто живее со родителите?`. Сепак, тие се одрекле од сопствениот живот за да се преселат овде и да ми помогнат, морам да им ги вратам парите“ – смета фудбалерот од Јужна Кореја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Металург патува во Швајцарија со +2

Објавено пред

Металург стигна до 26:24 (14:13) победа над швајцарскиот клуб Кринс, во првиот меч од баражот за пласман во групната фаза на преименуваното натпреварување на ЕХФ, Лига Европа.

Мечот беше израмнет во целиот тек, а во финишот, дури и Кринс стигна до два гола предност, пред со серија 5:1 да го вратат водството и да отпатуваат во реваншот со +2 разлика.

Златко Хорват и Марко Тарабокија имаа по осум голови за клубот од Автокоманда, додека за гостите Јернер Папеж уфрли шест гола. Реваншот за пласман во групната фаза се игра на 29 септември.

Фото: РК Вардар

Прикажи повеќе...

Спорт

Вест хем: Тренерот Мојс, Диоп и Кален со позитивни тестови на Ковид-19

Објавено пред

Вест хем потврди дека менаџерот Дејвид Мојс, и фудбалерите Иса Диоп и Џош Кален, имаат позитивен тест на коронавирусот.

Тие се подготвуваа за вечерашниот меч од Карабао-купот против Хал, но менаџерот и двајцата фудбалери веднаш си заминале од стадионот и се вратиле во своите домови. Бидејќи немаат симптоми, тие ќе ги следат препораките од англиските здравствени власти.

Мечот ќе го предводи неговиот помошник Алан Ирвајн.

Прикажи повеќе...

Спорт

Андреску ја отпиша цела сезона 2020

Објавено пред

Поранешната шампионка од САД опен, Канаѓанката Бјанка Андреску, се повлече од „Ролан Гарос“ и од остатокот од тениската сезона 2020 за да се фокусира на заздравувањето и подготовките за 2021 година.

Светската тенисерка број 7 реши да не ја брани титулата во Њујорк оваа година и последен турнир и е ВТА-финалето во Шенжен минатата година кога се повлече поради повреда на коленото.

„Направив тешка одлука да ја прескокнам сезоната на земја и ќе паузирам да се фокусирам на моето здравје и на тренинзите. Едвај ја чекам 2021 година вклучувајќи ја и Олимпијадата и морам да се вратам посилна“, вели 20-годишната Андреску.

„Ролан Гарос“ почнува в недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија4 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија4 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет5 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија9 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија11 час

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија11 час

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет12 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа13 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт14 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија14 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија14 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет15 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија15 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија15 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија17 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие