Спорт
Импресивни партии на Јокиќ и Дончиќ
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш го воодушевија кошаркарскиот свет. Двајцата беа блиску до трипл-дабл со 39+ поени. Дневер, по едно продолжение ја победи Оклахома 131:126, додека Далас доживеа пораз во Кливленд 112:125.
Јокиќ го предводеше Денвер со 39 поени, 10 скока и девет асистенции. Актуелниот МВП, од поле шутираше 11/15, погоди 16 од 18. слободни фрлања. Голема помош доби од Арон Гордон (33 поени) и Словенецот Влатко Чанчар (19 поени).
Вообичаено најефикасен во редовите на Оклахома беше Шај Гилџес-Александер со 31 поен, 11 скока и седум асистенции.
Дончиќ игра во неверојатна форма од почетокот на сезоната, но не може сам да го носи тимот на Далас. Маверикс имаат девет победи и осум порази.
Во Бостон, Словенецот забележа 42 поени, осум скока и девет асистенции. Улинокот на Дончиќ го поништија најдобрите играчи на Бостон: Џејсон Тејтум (37 поени, 13 скока) и Џејлен Браун (31 поен).
Одлични натпревари, изминатата ноќ, за своите тимови одиграа Хрватот Бојан Богдановиќ и Босанецот Јусуф Нуркиќ.
Детроит Пистон славеа на гостувањето кај Јута Џез со 125:116. Богдановиќ против својот поранешен тим постигна 23 поени.
Портланд без Демијан Лилард немаа шанси во Кливленд. Кавалирс победија со 114:96. Јусуф Нуркиќ за Портланд имаше учинок од 22 поени и шест скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Наскоро ќе ја видите Барселона на највисоко ниво
Барселона претрпе тежок пораз во петтото коло од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“, против Челзи (3:0). И покрај дебаклот, Барселона можеше да прими уште најмалку три гола, тренерот на Каталонците, Ханси Флик, не очајува премногу.
„Имавме шанса да го постигнеме првиот гол… Но, потоа беше тешко со играч помалку. Се боревме напорно. Видов некои позитивни работи, но изгубивме премногу топки, изгубивме лесни топки под притисок. Мора да го прифатиме поразот и да размислуваме позитивно“, рече Флик.
„Можам да ви ветам дека наскоро ќе ја видите Барселона на највисоко ниво. Самоуверен сум и оптимист. Гледам како тренираме, нашиот интензитет. Различно е во споредба со претходните недели. Многу играчи се враќаат. Оптимист сум“.
Барселона моментално е 15-та на табелата, но со само два бода помалку од осмопласираниот Њукасл. Во следното коло, на 9 декември, го пречекува Ајнтрахт.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер
Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа.
Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден вистински стопер, Раул Асенсио.
Дин Хаусен е надвор од тимот поради проблем со коленото, Антонио Ридигер сè уште не се опоравил од повреда на мускулот, а Едер Милитао е повреден од репрезентативната пауза.
Поради ова, францускиот играч од средниот ред Чуамени повторно ќе мора да влезе на позицијата стопер, позиција што ја покривал во неколку наврати претходно.
Реал Мадрид во моментов има три победи и еден пораз во Лигата на шампионите, додека Олимпијакос е на дното на табелата со два нерешени резултати и два порази.
Тимот од Мадрид одигра нерешено 2:2 со Елче во Ла Лига минатата недела, откако претходно одигра 0:0 против Рајо Ваљекано, а загуби со 1:0 против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Пред оваа мини-криза, Алонсо со тимот оствари импресивни 13 победи во 14 натпревари на почетокот од сезоната.
Грчкиот гигант Олимпијакос не може да смета на Александрос Паскалакис и Константинос Ангелакис вечерва. Во составот за дуелот со Реал Мадрид, Олимпијакос особено смета на искуството на Дани Гарсија, кој во текот на својата кариера играше за четири клуба во Ла Лига и добро го познава Реал.
Искуството не завршува со споменатиот дефанзивец. Во тимот е и Ајуб Ел Каби, напаѓач кој постигна 10 гола оваа сезона, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите.
Интересно, Олимпијакос никогаш не загубил како домаќин од Реал.
Среда:
Копенхаген – Каират 18.45 часот
Пафос – Монако 18.45
Арсенал – Баерн 21.00
Атлетико (М) – Интер 21.00
Ајнтрахт – Аталанта 21.00
Ливерпул – ПСВ 21.00
Олимпијакос – Реал Мадрид 21.00
ПСЖ – Тотенхем 21.00
Спортинг – Бриж 21.00
Фото/ Принтскрин
Спорт
Фред Васер: Хамилтон претерува со изјавите
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион, беше депресивен по трката во Лас Вегас. Трката, Хамилтон ја заврши на осмото место.
Британецот зад воланот на Ферари истакна дека целата оваа сезона била катастрофална за него и дека не очекува да биде подобро следната година.
Фред Васер, шефот на Скудерија, му рече дека Хамилтон претерувл со изјавата.
„Ја разбирам реакцијата на Луис веднаш по трката. Сепак, тој треба да се смири и да се фокусира на преостанатите две трки во Катар и Абу Даби.“
Французинот верува дека не е сè толку црно во Ферари.
„Тој немаше толку лош ритам во Лас Вегас, но многу отежна тоа што стартуваше од 20-то место. Не сме задоволни, но мора да останеме заедно и да бараме најдобро решение“, рече Васер.
Хамилтон е 74 поени зад својот тимски колега Шарл Леклер и сè уште нема пласман на подиумот откако се пресели во најпознатиот тим во светот.
Фото/ Принтскрин

