Спорт
Инцидент на тренингот на Вориорс – се тепале Грин и Пул

Дрејмонд Грин и Џордан Пул се тепале на тренингот на Голден Стејт. Соиграчите морале да ги разделат и на тој начин спречиле уште поголем хаос. Се уште не е познато што што го предизвикало овој скандалот.
Новинарот на „Атлетик“, Шамс Чаранија, објави дека „прво дошло до конфликт со впуштање во лице, по што Грин го удрил Пул, па тие биле разделени“.
Клубот се уште не се огласил, иако американските медиуми тврдат дека „Грин ќе биде санкциониран поради ова“. Најверојатно ќе биде казнет.
Наводно, Дрејмонд после се се извинил, иако некои медиуми пишуваат и дека „Пул се сменил од почетокот на тренинг кампот, откако дознал дека ќе добие нов договор и многу поголема плата“.
Според неговиот актуелен договор, оваа сезона ќе заработи околу четири милиони долари. Вориорс сакаат да го задржат и се подготвени да му платат значително повеќе во наредните години.
Што се однесува до Грин, тој е во исчекување на нов договор, но ваквите работи може скапо да го чинат. Не е првпат да влегува во конфликт со соиграчите, многумина тврдат дека Дурент ги напушти Вориорс поради Грин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, секојдневно ги исполнува медиумите со неверојатни изјави, а на митинг пред поддржувачите во Ајова, тој се осврна и на спортски теми.
Станува збор за традиционален собир пред 4 јули, датумот на кој беше ратификувана Декларацијата за независност на САД во 1776 година. Паралелно со воената парада во главниот град, Трамп објави какви планови има за следната годишнина, која ќе биде јубилејна 250-та.
„Гледате ли УФЦ? Големиот Дејна Вајт. Ќе организираме УФЦ борба на на почвата пред Белата куќа. Имаме многу простор таму. Дејна ќе го направи тоа“, е амбициозниот план на американскиот претседател.
Трамп, познат по својата љубов кон боксот и MMA и неговите гостувања на ревиите за боречки вештини, продолжи да зборува за шефот на УФЦ и го објасни планот подетално.
„Ќе имаме УФЦ борба за титула, вистинска борба, со 20 или 25 илјади луѓе. Тоа ќе биде дел од прославата на 250-годишнината“, рече Трамп.
Претседателот, исто така, објави дека дел од програмата ќе бидат таканаречените „Патриотски игри“ во кои натпреварувачи од сите 50 „држави“ ќе се натпреваруваат во различни спортски дисциплини.
„Ќе имаме неверојатни настани. Некои ќе бидат професионални, некои ќе бидат аматерски, но борбата на УФЦ ќе биде голем настан“, подвлече Трамп.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Спорт
(Видео) Прв фудбалски натпревар со роботи во Кина

На теренот во Пекинг во саботата не настапија фудбалери од крв и месо, туку – роботи. Како што објави „Гардијан“, Кина беше домаќин на првиот целосно автономен натпревар во фудбал меѓу хуманоидни роботи управувани со вештачка интелигенција.
Четири универзитетски тимови ги програмираа и управуваа своите роботи со сопствени алгоритми. Иако хуманоидите сè уште се далеку од тоа да бидат конкуренција на играчи, напредокот е импресивен. Снимките од натпреварите покажуваат како роботите се мачат да ја погодат топката или да останат исправени, а неколкумина завршија дури и на носилка.
Извршниот директор на компанијата „Бустер Роботикс“, Ченг Хао, која ги обезбеди роботите, изјави дека спортските натпревари се идеална средина за тестирање на хуманоидна роботика. Најави и можни натпревари помеѓу луѓе и роботи во иднина, но нагласи дека најпрвин мора да се обезбеди целосна безбедност.
View this post on Instagram
„Во иднина, можеби ќе организираме фудбалски натпревари меѓу луѓе и роботи. Тоа значи дека мора да обезбедиме роботите да бидат сосема безбедни“, изјави Ченг.
Професорот Субраманијан Рамамурти од Универзитетот во Единбург, експерт за роботско учење, рече дека роботите се слични на оние кои настапуваат на „Робокап“ и оти нивниот развој оди во нагорна линија.
Во финалето, екипата на Универзитетот Цингхуа – THU Robotics, го победи тимот на Кинескиот Земјоделски Универзитет – Mountain Sea, со резултат 5–3. Победата беше прославена со ентузијазам, но и со почит кон противниците.
„THU беа одлични, но и Mountain Sea тимот нè изненади со многу иновации“, изјави еден од поддржувачите.
Иако роботите се уште паѓаат, се чини дека иднината на фудбалот можеби навистина ќе вклучува и вештачка интелигенција – не само како поддршка, туку и како активни играчи на теренот.
Спорт
Тами Ејбрахам се пресели од Рома во Бешикташ

Англискиот фудбалер Тами Ејбрахам (27) кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Турскиот клуб и Рома договорија, Ејбрахам наредната сезона да настапува како позајмен играч.
Бешикташ, на Рома ќе и плати два милиони евра.
Турскиот клуб има опција да го купи Ејбрахам за 13 милиони евра на крајот од позајмицата.
Англискиот фудбалер ја помина минатата сезона како позајмен играч во Милан, каде што одигра 44 натпревари и постигна 10 гола, со седум асистенции.
Тој одигра 11 натпревари за Англија и постигна три гола.
Ејбрахам играше и за Челзи (ја освои Лигата на шампионите), Бристол, Свонси и Астон Вила.
Фото/ Beşiktaş JK