Спорт
Ингебригсен го победи Черијут на 1.500 метри
Младиот Норвежанец, Јакоб Ингебригсен, стана олимписки шампион на 1.500 метри. Во фантастична трка, Ингебрисен победи со време 3:28.32 минути.
Норвежанецот, успеа да го победи светскиот првак, Тимоти Черијут. 20-годишникот од Сандес, од стартот наметна силно темпо, Черијут успеа во еден момент да биде лидер, меѓутоа во пеколниот финиш, Норвежанецот прв ја мина целта.
Времето што го постави Ингебригсен е нов олимписки рекорд.
Бронзата ја освои Британецот, Џош Кер, кој успеа да го претрча, Абел Кипсанг од Кенија, кој во полу-финалето постави олимписки рекорд.
Времето на Кер 3:29.05 минути е нов британски рекорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона сака да врати поранешeн играч од Саудиска Арабија
Барселона има намера да ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок. Клубот притиснат од финансиката криза, мора да бара алтернативни и пред се ефтини решенија.
Шпанските медиуми објавија дека „блауграна“ се заинтересирани за Португалецот Жоао Кансело (31), кој игра за саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година.
Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи сезонава не е во преден план кај тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги. Оваа сезона, тој одигра само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација е под знак прашалник, односно дали ќе биде на списокот на играчи за СП 2026.
Пристигнувањето на „Камп Ноу“, би значело враќање во добро позната средина, бидејќи во сезоната 2023/24 беше на позајмица во Барселона. Во својот мандат, Кансело одигра 42 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.
Кансело остави најдлабока трага во дресот на Манчестер Сити, каде што запиша девет гола и 22 асистенции во 154 натпревари. Играше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн. Во дресот на португалската репрезентација постигна 12 гола на 64 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Рома за 17 минути ја декласира Џенова
Со натпреварот Рома-Џенова заврши фудбалската 2025 година во Серија А. Рома рутински ја победи Џенова со 3:1. Гостите од клупата ги предводи легендата на „волчицата“ даниеле Де Роси.
Со оваа поведа, Рома се врати на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите, додека Џенова, со третиот пораз по ред, остана веднаш над зоната за испаѓање.
Победникот практично беше познат веќе во првото полувреме, по само половина час игра, кога Рома ги постигна головите. Во интервал од 14-та до 31-та минута голманот на Џеонова го совладаа: Суле, Коне и Фергусон.
Почесниот гол за Џенова го постигна Ехатор во 87-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Паника во Денвер, се повреди Никола Јокиќ
Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. .
Србинот го напушти натпреварот поради проблем со коленото на полувремето и не се врати на теренот до крајот на натпреварот.Повредата се случи несреќно, по судир со соиграчот Спенсер Џонс.
До тој момент Јокиќ блескаше на теренот со 21 поен, пет скока и осум асистенции.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
NOOOOOOO 💔
I am depressed.
My goat can’t even walk right to the locker room. Please be ok please be ok. Please be ok. pic.twitter.com/MyvBfpf2qd— Tatiana (@Tatianaclinares) December 30, 2025
Без него, но и без уште тројца играчи од стартната петорка, кои од претходно се повредени, Денвер немаше шанси против Мајами.
И покрај тоа што не играше во вториот дел Јокиќ беше најефикасен во својот тим, го следеа Џамал Мареј со 20 поени, шест скока и 11 асистенции, Хардавеј и Џонс со по 16, Браун со 15 и Вотсон со 11 поени.
Никола Јовиќ го предводеше Мајами со 22 поени, четири скока и пет асистенци, Норман Пауел уфрли 25, а Хаиме Хакез 20 поени и 11 асистенции.

