Спорт
Иниеста им се јави на децата што беа направени поради неговиот гол (видео)
Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, ја прослави 11-годишнината од својот славен гол во полуфиналето од ЛШ против Челси со телефонски повик до две деца што беа зачнати по овој израмнувачки гол.
Барселона беше на две минути од испаѓање од ЛШ на „Стемфорд бриџ“ на 6 мај 2009 година кога Иниеста доби топка од Лионел Меси и со прецизен удар го погоди голот. Со ова се обезбеди 1:1 реми, со што Барса патуваше на финалето во Рим поради гол постигнат на гости. Девет месеци подоцна беше јасен резултатот на овој гол кога болниците во Барселона потврдија дека има зголемен број на новороденчиња.
Во средата, Иниеста, кој сега игра за Висел Кобе, објави видео на „Твитер“ зборувајќи со две деца што се родени во јануари 2010.
„Дали мајка ти ти го покажа голот?“, беше прашањето на Иниестса до Игнасио, кој беше роден на 18 јануари. „Да, и тоа каков гол“, одговара Игнасио.
Мајката на Игнасио, Андреа Бари, му кажа на Иниеста дека дознала оти е бремена пред да патува на финалето во Рим, каде што Барса со 2:0 го победи Манчестер јунајтед.
„Не ѝ кажав веднаш на мајка ми бидејќи немаше да ме пушти да одам на натпреварот, туку додека бевме во авион“, објасни Бари.
Жосеп Енрик, кој е роден на 29 јануари, му кажа на Иниеста дека тој му е омилениот фудбалер покрај Жерард Пике.
„Ми го покажаа голот што го постигна пред да се родам. Сите го славевме“, вели 10-годишниот Жосеп.
Таткото на Енрик, Жосеп Салват, вели дека брат му го поврзал голот со роденденот на син му.
„Мојот постар брат е огромен навивач на Барса и клубот е религија за него. Тој го разгледа календарот и ги направи пресметките“, вели Салват.
Para celebrar el aniversario de un gol muy especial, he llamado a unos amigos para compartir un momento inolvidable y muy familiar… ? @FCBarcelona ?? #Iniestazo pic.twitter.com/ra3I1pdUTM
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) May 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…