Спорт
Интер без Шкрињар и Чалханоглу отпатува за Лисабон

Екипата на Интер отпатува за Лисабон без двајца важни играчи. Интер, утре ќе и гостува на Бенфика, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Газета дело Спорт“, објави дека со тимот не отпатувале Милан Шкрињар и Хакан Чалханолу. Двајцата се уште се повредени. Тренерот Симоне Инзаги се надева дека Шрињар и Чалханоглу ќе бидат подготвени за реваншот против Бенфика.
Со оглед на нивното отсуство, утре се очекува стартери да бидат Матео Дармијан во одбраната и Марсело Брозовиќ во средниот ред. Во нападот можно е Един Џеко да игра пред Ромелу Лукаку, во тандем со Лаутаро Мартинез.
Победникот од овој дво-меч, во полуфиналето ќе игра против Наполи или Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми меѓу Австрија и Србија, Украина ја надигра Белгија, Шкотска победи во Атина, Турција ја победи Унгарија

Австрија и Србија одиграа без победник, Украина ја шокира Белгија, Турција славеше во дуелот со Унгарија, а Шкотска победи во Атина во мечевите за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
На стадионот во Виена, Австрија и Србија одиграа 1:1. Головите го спасија натпреварот, во кој Австрија ја контролираше играта, а десеткуваната Србија (без пет стандардни играчи) шансата ја бараше во контранападите.
Грегорич и донсе предност на Австрија во 37.минута, му асистираше Арнаутовиќ, а тој од 16 метри ја испрати топката во голот. Србите изедначија во 61.минута, кога играчот на Аталанта, Самарџиќ од 20 метри го погоди споритвниот агол од австрискиот гол. Австрија во 88.минута пропишти шанса за победа, ударот на Арнаутовиќ од пет метри на волшебен начин го одбрани Рајковиќ.
— OvoOno (@OvoOnoX) March 20, 2025
— OvoOno (@OvoOnoX) March 20, 2025
Новиот селектор на Белгија, Руди Гарсија, дебитираше со пораз на функцијата. Во Мурсија, со три гола во вториот дел Украина ја победи Белгија со 3.1.
Водеа Белгијците со голот на Лукаку во 40.минута. Ја чуваа преднста до 66.минута кога изедначи Гутсулјак, во 73. Ванат го комплетираше пресвртот, а пет минути подцна Забрњи стави точка на натпреварот.
Грција во Атина доживеа непријатен пораз од Шкотска. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мектоминеј од пенал во 33.минута.
Турција стекна предност од два гола пред реваншот во Унгарија. Турците со головите на Кокчу, Актуркоглу и Кавечи ја победија Унгарија со 3:1.
Спорт
(Видео) Хрватите ја победија Франција, Германија со пресврт до триумф на „Сан Сиро“, Португалија падна во Данска, реми во Амстердам

Хрвтаска, Данска и Германија стекна предност по првите четвртфинални натпревари за пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Во четвртиот меч Холандија и Шпанија ремизираа 2:2.
Хрватските фудбалери ја совладаа Франција со 2:0 на „Пољуд“ во Сплит со штекнаа голема предност пред реваншот во недела.
Хрватска предноата ја стекна во првиот дел, откако Крамариќ промаши пенал во деветтата минута, Мењон го совладаа Будимир и Перишиќ. Во вториот дел Хрватите ја сочуваа предноста против Франција која не импреисонираше на овој натпревар.
Данска во Копенхаген ја победи Португалија со 1:0. единствениот гол го постигна играчот на Манчестер јунајтед, Хојлунд во 78.минута.
Германија на „Сан Сиро“ во Милано, по пресврт ја победи Италија со 2:1. Поведоа !азурите“ во раната фаза од натпреварот со голот на Тонали во деветтата минута. Германците пресвртот го направија во вториот дел преку Клајндинст во 49 и Горецка во 78.минута.
Холандија и бранителот на трофејот во Лигата на нации, Шпанија, ремизираа 2:2. Шпанците поведоа во деветтата минута со глоот на Нико Вилијамс, изедначи Гакпо во 28., а пресвртот го комплетираше Рејнерс во 46.минута. Во 82.минута Холандија остана со фудбалер помалку на теренот. Црвен картон доби Хато. Предноста од играч повеќе Шпанците ја материјализираа во 93.минута со голот на Мерино.
Спорт
Познато е во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна идеја за тоа кои 11 градови ќе бидат дел од потенцијалното проширување на натпреварувањето во Европа.
Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема.
Наводно од НБА биле избрани следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина
Со оглед на тоа што останува малку време до крајот на тековната сезона, најверојатно новото натпреварување нема да има премиера до сезоната 2026/27.
Друго прашање е кои клубови би учествувале во него. Треба да ги има 10, а останува да се види дали ќе бидат постоечки или новоформирани клубови.