Спорт
Интер добива нова опција во нападот – Андреа Белоти!
Интер до крајот на преодниот рок ќе доведе уште еден напаѓач за да го комплетира офанзивниот дел од тимот по заминувањето на голгетерот Ромелу Лукаку во Челси.
Минатите денови се споменуваше името на Маркус Турам како опција во нападот, но на крајот изборот паднал на Андреа Белоти, центарфорот на Торино.
Преговорите меѓу Интер и Торино почнале вчера, а доцна синоќа биле завршени, јавуваат италијанските медиуми. Наводно, Италијанецот на „Џузепе Меаца“ доаѓа за 15 милиони евра.
Од Торино барале 20 милиони за играчот чиј договор истекува на крајот на сезоната.
27-годишниот фудбалер до сега има 99 гола во Серија А.
TMW – Inter, trovato l'accordo con il Torino per Belotti. Le cifre dell'affare https://t.co/CL2l1DJsq7
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 23, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Едвардс во друштво на Леброн и Дурант
Ентони Едвардс стана третиот најмлад кошаркар кој достигнал 10.000 поени.
Тој стигна до оваа бројка на само 24 години и 156 дена, на вечната листа пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурант.
На оваа листа се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони, сите ја надминаа бројката од 10.000 поени пред да наполнат 25 години.
Едвардс има просек од 29,2 поени, пет скока и 3,8 асистенции по натпревар оваа сезона.
Во победата против Кливленд, тој учествуваше со 25 поени, седум скока и девет асистенции.
Спорт
Семењо во Сити, ќе го носи бројот 42
Манчестер Сити го комплетираше трансферот што им дава дополнителна надеж дека можат да ја освојат титулата оваа сезона.
Од денес и официјално, Антоан Семењо е нов играч на „Граѓаните“. На сметката на Борнмут се уплатени 75.000.000 евра, што дефинитивно е најголемиот трансфер во овој преоден рок.
Семењо се збогува со својот поранешен клуб на уникатен начин, со гол за победа против Тотенхем (3:2), во 95-та минута.
„Го гледав Сити во текот на последната деценија под водство на Пеп Гвардиола и тие беа доминантен тим во Премиер лигата, со неверојатен успех во Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига Купот. Тие поставија највисоки стандарди и тоа е клуб со играчи од светска класа, одлични услови и еден од најголемите тренери на сите времиња – Пеп.
Имам огромен простор за напредок, па затоа доаѓањето во овој клуб, во оваа фаза од мојата кариера, е совршено за мене. Голема привилегија е да бидам тука.
Сигурен сум дека мојот најдобар фудбал допрва доаѓа. А Сити е во одлична позиција – сè уште е во игра во четири натпреварувања. Навистина верувам дека можам да им помогнам да имаат силна втора половина од сезоната.
Етихад е мојот нов дом. Едвај чекам да играм пред навивачите тука и се надевам дека ќе им покажам на сите што можам да направам“, се претстави Семењо.
Патем, тој го зеде бројот што некогаш го носеше Јаја Туре, 42.
Спорт
Винисиус и Чоло Симеоне во вербално се пресметаа
Полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид (2:1) во Џеда донесе многу тензии, не само на теренот, туку и крај аут линијата. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, и напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, беа во центарот на вниманието.
Нивната расправија стана главна тема по натпреварот, особено поради репликата што Симеоне ја упати кон Бразилецот: „Флорентино ќе те исфрли, запомни“.
Тренерот Чаби Алонсо се вклучи во дискусијата, а Реал Мадрид наводно е незадоволен од ставот на аргентинскиот тренер.
Иако Симеоне не сакаше подетално да го коментира инцидентот на прес-конференцијата, од таборот на Атлетико тврдат дека конфликтот започнал со провокациите на Винисиус, пишува шпански „АС“.
Според верзијата од таборот на Атлетико, сè започнало откако Винисиус побарал пенал по дуелот. Бразилецот потоа наводно се свртел кон клупата на Атлетико со гестови што ги разбесниле сите во соперничкиот табор. „Смирете се, сега ќе досудат пенал“, е реченицата што Винисиус им ја упатил, врдат од Атлетико.
Токму тогаш, Симеоне го замолил фудбалерот да продолжи да игра, а во средината на расправијата, тој ги изговорил зборовите за неговата иднина што биле снимени од камерите: „Ќе те исфрлат“.
Тренерот подоцна разговарал за ова со Федерико Валверде и Дани Карвахал на пат кон соблекувалната.
По средбата, Симеоне се обидел да ги смири тензиите. „Што се случува на теренот, останува на теренот“, им рекол тој на новинарите. Сепак, Чаби Алонсо не се согласил со таков став, кратко велејќи: „Не е сè дозволено“.
Во Атлетико веруваат дека целата ситуација нема да има големи последици, нагласувајќи дека ова не е прво дерби во кое Винисиус е во центарот на слични настани. Исто така, велат дека го разбираат ставот на Чаби Алонсо, кој го брани својот играч, бидејќи тоа е неговата улога.
Foto/ EPA

