Контакт

Спорт

„Интер ќе го освои светот, од ништо не се плашиме“

Објавено пред

Милански Интер се бори со Јувентус да ја освои титулата во Серија А. Моментно „нероазуриете“ се први со 39 бода, колку што има и второпласираниот Јуве.

dobivaj vesti na viber

„Сега сме на врвот во Серија А. Тоа многу ни значи, тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Сите наши напори ќе бидат наградени, чекор по чекор. Сепак, тоа не значи ништо, мора да останеме скромни, мораме да извлечеме поуки од минатото“ – изјави претседателот на Интер, Стивен Џанг на клупска свеченост, пренесоа италијанските медиуми.

Џанг, кој во петок ќе наполни 28 години, рече и дека без храброст и напорна работа клубот не може да се натпреварува на највисоко ниво.

„Минатата недела разговарав со играчите и им кажав дека ќе имаме потешкотии, но дека ќе треба да ги надминеме. Тоа се однесува на наредните 100 години на овој клуб, секогаш ќе има пречки, но мора заедно да се соочиме со нив. Од ништо не се плашиме, потребна е храброст и само на тој начин ќе сме најдобри. Заедно, сите ние, ова големо семејство, ќе го освоиме светот. Напред Интер“ – додаде Џанг.

Спорт

(Видео) Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Објавено пред

Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“.

Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја боја, бидејќи сите тимови се обврзани да ги претстават своите болиди заедно на специјален настан по повод 75-годишнината од Формула 1 во Лондон следниот вторник.

Британскиот тим ја освои титулата кај конструкторите минатата сезона, прва по 26 години, откако ја намали разликата зад Ферари и Ред Бул.

Официјалните предсезонски тестирања ќе се одржат во Бахреин, од 26 до 28 февруари.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Објавено пред

Италијанката Федерика Брињоне (34) стана најстарата светска шампионка во историјата.

dobivaj vesti na viber

Брињоне го освои златото во велеслалом на Светското првенство во Заалбах, Австрија со време од 2:22,71 минути.

„Долго сонував за овој момент, секогаш завршував на второто место. Ова е најдобриот ден во мојот живот, полека доаѓам на себе, се обидувам да се смирам”, изјави светската првенка.

Италијанската ја растури конкуренцијата во велеслалом, само шест натпреварувачки заостанаа помалку од три секунди од победникот.

Сребрениот медал и припадна на Алис Робинсон од Нов Зеланд, таа имаше за 90 стотинки послаб резултат од Брињоне. Третопласираната Пола Молцан од САД заостануваше 2,62 секунди зад Италијанката.

Прикажи повеќе...

Спорт

Премиер лигата експресно го казни Слот

Објавено пред

Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46).

dobivaj vesti na viber

Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари.

Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“.

Слот ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон и Астон Вила.

Ова беше второ исклучување за Слот оваа сезона, тој исто така доби црвен картон против Фулам. Тогаш беше суспендиран од еден натпревар.

Инаку, синоќа заедно со Слот исклучен беше и неговиот помошник Сипке Хулшоф.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание. Ова...

Македонија6 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија6 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија7 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија7 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија8 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ10 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа12 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет12 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа13 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет13 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет13 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет13 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија23 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...