Спорт
Интер ќе му го продолжи договорот на Инзаги

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ќе го продолжи договор со актуелниот шампион на Италија до 2024 година. Минатото лето, Инзаги, го презеде тимот од Антонио Конте.
Симоне Инзаги, минатото лето, со Интер потпиша две годишен договор, деновиве ќе добие уште една година плус, со можност истиот да биде продолжен и до 2025 година.
Клубот со новиот договор ќе му ја покачи плата за 500.000 евра, што значи дека од наредната сезона платата на Инзаги ќе изнесува 5.000.000 евра на годишно ниво.
Интер, вечерва, го игра осмина-финалниот реванш против Ливерпул, во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Медведев нема да оди на суд за да игра на Вимблдон

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев, вели дека не планира да бара правда пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) откако Вимблдон им забрани на руските и на белоруските тенисери да настапат на елитниот гренд слем турнир.
Одлуката на Вимблдон беше критикувана од АТП и ВТА-турнејата, како и од повеќе индивиуални тенисери, а се најавува дека ако не се смени одлуката, турнирот нема да носи рејтинг-поени како казна од федерациите. Шампионот од САД опен, Медведев, вели дека се направиле многу грешки за забраната и дека чека АТП да реагира.
„Јас не сум адвокат. Ако не можам да играм, нема да одам на суд за ова, тоа е сигурно“, изјави Медведев пред почетокот на „Ролан Гарос“ во Париз.
Спорт
Барнли и Лидс се закануваат со тужба против Премиер лигата и Евертон

Борбата за опстанок во Премиер лигата добива поинаква димензија пред последниот викенд откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба што уште немаат сигурен опстанок, најавија тужба пртив Премиер лигата и Евертон поради сериозно нарушување на финансиските правила од клубот во Ливерпул.
Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиер лигата и Евертон дека го задржуваат правото за легална битка барајќи истрага за тоа како Евертон дозволил последните три години да работат со загуба од фантастични 371,8 милион фунти.
Според сегашните правила во Премиер лигата, клубовите смее да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години и во спротивност може да бидат казнети со одземање поени. Парите загубени поради пандемијата на Ковид-19 не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.
Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број поени, а Лидс има подобра гол-разлика.
Спорт
Леклер и Ферари најбрзи на Каталуња, Мерцедес се враќа во форма!

Шарл Леклер беше најбрз на двете тренинг-сесии пред шпанското ГП во Барселона пред Џорџ Расел во уште еден ветувачки ден за Мерцедес.
Леклер со меки гуми постави 1:19.670, што беше само за 0,117 секунди побрз од најдобриот обид на Расел и само 0,2 секунди пред Луис Хамилтон за да ја вратат вербата дека „сребрената стрела“ полека ги надминува проблемие од почетокот на сезоната. Карлос Саинс Јуниор го комплетира топ-4 за Ферари, но се жалеше на брзото трошење на гумите на жештината во Каталонија.
Актуелниот шампион Макс Ферстапен во Ред бул беше на петтото место со 0,336 секунди заостанување пред Фернандо Алонсо со половина секунда послабо време за Алпине и вториот возач на „биковите“, Серхио Перез, а Себастијан Фетел со контроверзниот Астон Мартин беше осми.