Спорт
Интер се продава, цената е меѓу 400 и 500 милиони евра?
Италијанскиот фудбалски клуб Интер најверојатно ќе добие нов сопственик.
Кинеската компанија „Сунинг“ на чело со семејството Жанг планира да излезе од клубот во период кога трпат големи загуби поради пандемијата на коронавирусот, пишуваат италијанските медиуми.
За 9 месеци од минатата година „Сунинг“ се во минус од 153 милиони долари.
Италијански „Кориере дело Спорт“ пишува дека преговорите за продажбата на „нероазурите“ се запичнати и тоа со фирмата „БЦ Партнерс“.
Наводно, потенцијалните купувачи Интер го вреднуваат меѓу 400 и 500 милиони евра. Тие би ги презеле и долговите на клубот кои се над 350 милиони евра.
„БЦ Партнерс“ е еден од најпознатите европски финансиски инвеститори со трансакција од преку 300 милиони на годишно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИФА го одреди распоредот на ждрепката, Хрватска е во вториот шешир
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави шеширите во ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Победниците од шесте плејоф натпревари се во четвртиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 5 декември во 18:00 часот во Вашингтон. На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи.
Во првиот шешир се домаќините Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико, како и деветте најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.
Во вториот шешир се Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Во третиот шешир е најдобрата репрезентација на европските квалификации, Норвешка, како и Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.
Во четвртиот шешир се Јордан, Зелено’ртските Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, како и победниците од четирите европски плејоф натпревари и две репрезентации од интерконтиненталниот плејоф.
Во групата А од европскиот бараж се Италија, Велс, Босна и Херцеговина и Северна Ирска, во групата Б се Украина, Шведска, Полска и Албанија, во групата Ц се Словачка, Турција, Романија и Косово, во групата Д се Чешка, Ирска, Данска и Македонија.
ДР Конго, Јамајка и Нова Каледонија се во првата колона од интерконтиненталниот бараж, додека Ирак, Боливија и Суринам се во втората колона.
За прв пат, ФИФА одлучи четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата да бидат сместени во различни делови од ждрепката, за да не се сретнат потенцијално пред полуфиналето.
„За да се обезбеди конкурентска рамнотежа, при изготвувањето на распоредот на натпреварите се утврдени два одделни пата до полуфиналето. Заради избалансирана распределба, четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија, ќе бидат случајно извлечени во спротивни патеки. Ова ќе осигури доколку ги освојат своите групи, дека нема да можат да се сретнат пред финалето“, објави ФИФА.
Во групите нема да има повеќе од еден претставник од истата конфедерација, освен од Европа, која може да има максимум две селекции во иста група.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови во САД, Канада и Мексико.
Спорт
(Видео) Унион го шокира Галатасарај, Бенфика победи во Амстердам
Во првите два натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, гостинските екипи извојуваа победи, Бенфика победи против Ајакс во Амстердам – 2:0, а Унион Сен Жилоа победи против Галатасарај во Истанбул – 1:0.
Во Амстердам се сретнаа великаните на европскиот фудбал, воедно екипи кои се најголемите разочраувања сезонава во Лигата на шампионите. Ајакс и Бенфика беа на последните две места, без освоен бод. По петтото коло само Ајакс ќе остане без бодови, откако загуби со 0:2.
Победата на Бенфика ја најави Дахи во шестата минута. Потоа, Португалците ги затвоорија приодите кон голот, играа без ризик и чекаа шанса, до која дојдоа во 90-та минта кога Бареиро го постави конечниот резултат.
Лидерот во турскиот шампионат, Галатасарај доживеа шокантен пораз од првакот на Белгија, Унион Сен Жилоа. Гостите одиграа одличен натпревар, речиси совршен, на противникот му дозволија само една чиста шанса во текот на мечот.
Белгијците преку Сајкс ја погодија пречката во првиот дел, а голот за победа го постигна Дејвид во 57-та минута. Имаа чиста шаса и во 94-та минута, но Родригез беше себичен.
Во шестото коло Галтасарај ќе му гостува на Монако, а Унион ќе го пречека Олимпик Марсеј.
Спорт
ФИФА му прогледа „низ прсти“ на Роналдо – Суспензија од еден натпревар
Кристијано Роналдо ќе биде достапен на португалскиот селектор, Роберто Мартинез за првиот натпревар на Светското првенство следното лето, и покрај тоа што доби црвен картон во квалификацискиот натпревар против Република Ирска.
Роналдо (40), беше исклучен откако го удри со лакт, противничкиот играч Дара О’Шеа, за време на поразот на Португалија од 2:0.
Иако насилното однесување обично се казнува со суспензија од три натпревари, ФИФА одлучи дека вториот и третиот натпревар ќе бидат условни на една година.
Како што дознава Би-би-си Спорт, земено е предвид дека ова за Роналдо е првиот црвен картон во 226 настапи за португалската репрезентација.
Роналдо веќе ја отслужи суспензијата со тоа што не играше против Ерменија на 16 ноември, па затоа нема да пропушти ниту еден натпревар од Светското првенство во САД.
Роналдо постигна пет гола во квалификациите, а со освојувањето на првото место во Групата Ф, Португалија се пласира на своето седмо последователно учество на Светското првенство.
Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во петок на 5 декември.

