Спорт
Интер со рутински триумф над Лече
Интер по шокантниот пораз од Болоња, се врати на победите во Серија А, триумфирајќи со 2:0 против Лече за да се вратат на 15 поени од првопласираниот Наполи, и поважно на два поени пред Лацио на третото место.
Хенрик Мхитарјан го отвори резултатот во 29. минута по асистенцијата на Николо Барела, за победата да биде запечатена со голот на Лаутаро Мартинез во 53. минута.
За Лече ова е втор пораз во низа и тие остануваат на 15. место на табелата со 27 поени, девет поени над зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Несреќа на тренингот – Евенепул удрил во поштенско возило
Двократниот олимписки шампион во велосипедизам Ремко Евенепул се здоби со фрактура на десното рамо, десната рака и реброто откако удри во автомобил на тренинг во Белгија.
По несреќата, Евенепул веднаш бил префрлен во болницата во Андерлехт, но ќе биде префрлен во друга болница во Херенталс, каде ќе бидат направени дополнителни тестови, по што ќе се процени колку долго ќе трае процесот на рехабилитација, објави неговиот тим Судал Квик-Степ.
Белгиските медиуми објавија дека Евенепул не можел да ја избегне вратата на поштенското возило кое наеднаш се отворила. Тој не ја изгубил свеста, но ударот бил доволно силен за да ја скрши рамката на велосипедот.
Евенпул стана првиот велосипедист кој на Олимписките игри победил во трката на хронометар и на друмската.
Двократниот светски шампион ја освои Вуелта во 2022 година и заврши трет на Тур д’Франс оваа година.
Noooooo 😢
Remco Evenepoel unfortunately has had an accident during his training ride, HLN reports a collision with a postal vehicle. He has been taken to hospital.
📷: Nieuwsblad pic.twitter.com/KaE95UsmlC
— Lukáš Ronald Lukács (@lucasaganronald) December 3, 2024
Спорт
Светско првенство за прв пат во јануари
Светското првенство во 2034 година со 48 репрезентации би можело за прв пат во историјата да се одржи во јануари, пишуваат британските медиуми.
Тој турнир треба да го организира Саудиска Арабија, која е најголемиот фаворит на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Засега Светското првенство се уште е предвидено да се одржи во јуни и јули, но во тој период од годината во овој дел од светото температурите надминуваат 40 степени.
Покрај тоа, во тој период е Рамазан, верски празник кој го слават муслиманите ширум светот.
„Доколку саудиските власти не дозволат да не се одржи големиот верски фестивал, што се смета за малку веројатно, турнирот ќе се игра во јануари“, пишуваат Англичаните.
Извесно е дека ФИФА добро ќе ја анализира ситуацијата и веројатно ќе посегне по решение како пред две години кога Светското првенство во Катар го префрли во зимскиот термин.
Следното Светско првенство во 2026 година се одржува во САД, Мексико и Канада, во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, а по еден натпревар ќе се игра во Уругвај, Аргентина и Парагвај со што ќе биде обележан јубилејот, 100 години од првиот Мундијал.
Спорт
(Видео) Деби од сништата на Ван Нистелрој – Лестер го победи Вест Хем
Фудбалерите на Лестер го победија Вест Хем со 3:1 на „Кинг Пауер“ стадионот на дебито на Руд ван Нистелрој.
Во втората минута 37-годишниот ветеран Џејми Варди го доведе Лестер во водство.
Вториот гол го постигна асистентот на првиот гол, 20-годишниот Мароканец Билал Ел Ханус во 61. минута. Сите дилеми околу конечниот победник ги реши Патсон Дака во 90. минута.
Почесниот гол, за Вест Хем во 90+3. минута го постигна германскиот репрезентативец Никлас Филкруг.
Лестер ја прекина лошата серија поради која Стив Купер доби отказ. „Лисиците“ славеа по шест неуспеси, а ова за нив е најубедливата победа на домашен терен сезонава во Премиер лигата.
Со овие три бода „лисиците“ избегаа од групата на најзагрозени екипи и сега се на 15. место со 13 бода, само два помалку од Вест Хем кој е една позиција погоре на табелата.
Во следното коло в недела, на 8 декември, Лестер повторно е домаќин, овојпат против Брајтон, додека Вест Хем ден подоцна ќе го гостува во Вулверхемптон.