Спорт
Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување!
Интеернационално познат фудбалер од Премиер лигата е уапсен во северен Лондон за силување, тврди британскиот весник „Телеграф“. Според нивните извори, фудбалерот, за кого се објавува дека е во своите доцни 20-ти години, е испрашуван за напад што се случил минатиот месец.
„На 4 јули обвинение за силување од една жена беше известено до полицијата. Обвинетиот е во притвор, а истрагата продолжува“, потврдија од Скотланд Јард за „Телеграф“.
„Телеграф“ побарал коментар од клубот на фудбалерот, но од таму засега нема коментар. Според нивните извори, фудбалерот требало да ја претставува својата земја на Светското првенство во Катар.
Exclusive by @Tom_Morgs, @evansma, @mcgrathmike: Premier League star arrested on suspicion of rape https://t.co/yamsVxD7w3
— Telegraph Football (@TeleFootball) July 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голчиште на Доргу, па голчиште на Куња – Јунајтед во Лондон го победи Арсенал
Манчестер Јунајтед, под водство на Мајкл Керик, по Сити успеа да го победи и Арсенал. Во дербито, одиграно во Лондон, Јунајтед победи со 3:2 и се искачи на четвртото место на табелата. Арсенал, го забележа третиот пораз не само во Премиер лигата, туку во сите натпреварувања. По првиот пораз на домашен терен сезонава, Арсенал има четири поени повеќе од Сити и Астон Вила.
Арсенал доминираше во првите 30 минути и дојде до предност со авто-голот на Лисандро Мартинез. Играта на лидерот се распадна во 37.минута, кога Зубименди буквално му ја подари топката на Мбумо, а Камерунецот погоди за 1:1.
Вториот дел најпрвин го обележа Микел Артета. Менаџерот на Арсенал, во 58-та минута изврши четири измени, откако седум минути претходно Патрик Доргу со евро-гол го комплетираше пресвртот на Јунајтед.
Арсенал изедначи во 84-та минута, по голема мешаница пред глот на Ламенс, Мерино ја пикна топката во голот.
Целосен шок на „Емирати“ следуваше две минути подоцна кога Матеус Куња, хируршки прецизно биеше од 23 метри и го постави конечниот резултат.
Foto/ EPA
Спорт
Грција ја декласира Италија, го освои бронзениот медал на ЕП
Грчката ватерполо репрезентација, прв пат во историјата, овои медал на европските првенства.
На шампионатот во Белград, во борбата за третото место, Грција ја победи Италија со 12:5 (5:1, 2:1, 3:2, 2:1) и со тоа го освои бронзениот медал.
Аргиропулос ги предводеше Грците до овој историски бронзен медал со четири гола, додека за Италија Фереро и Кондеми постигнаа по два гола.
Грција феноменално го започна натпреварот за третото место. Ги затвори сите приоди кон својот гол, а под водство на Аргиропулос (два), Гувексис и Какарико, стигна до 4:0.
Се очекуваше реакција на Италија во втората четвртина, но такво нешто не се случи.
Грција одигра совршен натпревар, дојде до 7:1. Во тој момент, единствената дилема беше, со колкава разлика ќе победата Грците.
Инаку, финалето е закажано за 20.30 часот, за златото ќе се борат Србија и Унгарија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин
Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.
Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.
Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.
Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.
Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.
Mikaela Shiffrin has done it! 🙌
She claimed her NINTH Slalom Globe today with this stunning run 💪 pic.twitter.com/YzfWkAdSO8
— TNT Sports (@tntsports) January 25, 2026
Второто место на денешната трка го зазеде Швајцарката Камила Раст, која заостануваше 1,67 секунди, додека третата беше Германката Ема Ајхер со време 2,18 секунди побавно од победничката.
Во генералниот пласман на слалом, Шифрин убедливо води со 780 поени, пред Раст, која има 492, додека третата е Швајцарката Венди Холденер со 358 поени.
Кога станува збор за генералниот пласман на Светскиот куп, Американката е исто така во водство со 1.133 поени, пред Раст (963) и Ајхер (684).

