Контакт

Спорт

Инзаги: Победивме со срце, но овој Интер мора да доминира

Објавено пред

Интер едвај извлече победа (1:2) против Лече на стартот на новата сезона во Серија А. Дензел Дамфрис постигна победнички гол за Интер во 94.минута од натпреварот, а тренерот Симоне Инзаги потенцира дека неговиот тим сепак мора да игра подобро на следните натпревари.

dobivaj vesti na viber

„Верувавме дека можеме до победа и ја остваривме во последните моменти од натпреварот. Покажавме дека можеме да направиме многу кога сме посветени и ја посакуваме победата од срце. Но, тоа е единствената позитивна работа од овој натпревар и ќе мора да играме многу подобро на наредните натпревари. Не би сакал другпат да се доведеме во ваква ситуација. Овој тим треба да игра многу подобро и да доминира. Во завршницата тргнавме на се или ништо, игравме со четворица напаѓачи и тоа ни се исплатеше“, изјави Симоне Инзаги.

Во следното коло Интер на домашен терен ја пречекува Специја.

Спорт

Мората и Шпанците ја шокираа Португалија, Влаховиќ и Митровиќ ја однесоа Србија во Лига А

Објавено пред

Шпанија успеа да се пласира во завршницата на Лигата на нации на УЕФА, откако во соседското дерби стигнаа до тешка 0:1 победа на гости кај Португалија, ставајќи крај на надежите на тимот на Кристијано Роналдо за борба за титулата.

dobivaj vesti na viber

Во израмнетиот меч без многу шанси, клучен беше потегот на селекторот Луис Енрике да го внесе во игра, Нико Вилијамс, кој во 88. минута фантастично му асистираше на Алваро Мората за голема победа на „фуријата“, која доаѓа по неочекуваниот домашен пораз од Швајцарија.

Нови членови на Лига А, пак, ќе се репрезентациите на Србија и на Шкотска. Србија со головите на Душан Влаховиќ и неизбежниот Александар Митровиќ стигна до 0:2 победа на гости кај Норвешка, додека Шкотите го обезбедија пласманот по тешкото 0:0 реми на гости кај Украина.

ЛИГА НА НАЦИИ, УЕФА
ЛИГА А, ГРУПА 2
Португалија – Шпанија 0:1
Швајцарија – Чешка 2:1

ЛИГА Б, ГРУПА 1
Ирска – Ерменија 3:2
Украина – Шкотска 0:0
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Албанија – Исланд 1:0
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Норвешка – Србија 0:2
Шведска – Словенија 1:1
ЛИГА Ц, ГРУПА 2
Грција – Северна Ирска 3:1
Косово – Кипар 5:1

Прикажи повеќе...

Спорт

Рафиња го инспирираше Бразил за убедлива победа над Тунис

Објавено пред

Новата ѕвезда на Барселона, Рафиња постигна два гола и имаше една асистенција за да ги предводи Бразил до 5:1 победа над Тунис во пријателски меч на „Паркот на принцовите“ во Париз.

dobivaj vesti na viber

Рафиња го отвори резултатот во 11. минута по асистенција на Касемиро, но Тунижаните бргу израмнија преку Монтасар Талби веќе во 18. минута. Но, немаше запирање на „Селесао“ – Рафиња му асистираше на Ришарлисон за враќање на водството веќе во следната минута, за во 29. минута, Нејмар да зголеми на 3:1 со гол од пенал.

Шоуто го комплетираше Рафиња во 40. минута со својот втор гол, за работите за Бразил станаа полесни откако Дилан Брон доби црвен картон по еден груб старт. Напаѓачот на Фламенго, Педро во 74. минута стави точка на натпреварот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Азмун си го ризикува местото на СП откако крена глас за состојбата во Иран

Објавено пред

Сардар Азмун, напаѓачот на Баер Леверкузен и еден од најдобрите ирански фудбалери, предизвика огромна прашина кога на „Инстаграм“ крена глас против состојбата во Иран, каде што во тек се протести за правата на жените.

dobivaj vesti na viber

„Поради правилата на националниот тим, не можев да кажам ништо додека не заврши тренинг-кампот. Меѓутоа, веќе не можам да трпам. Во најлоша ситуација ќе бидам исфрлен од националниот тим. Нема проблем. Ќе го жртвувам тоа за една коса на главите на иранските жени. Оваа приказна не може да се избрише. Срам да ви е што убивате толку лесно. Да живеат иранските жени“, напиша Азмун на „Инстаграм“.

Двајца од неговите колеги од репрезентацијата, голманот Лиреза Биранван и Маџи Хосеини, исто така пратија пораки на „Инстаграм“ со поддршка за демонстрантите во Иран, но неколку часа подоцна сите пораки беа избришани. Инстаграм-страницата на Сардар Азмун, пак, беше избришана со сите објави во последните осум и пол години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава –...

Економија10 часа

ЕСМ од Владата доби 1,1 милијарда денари за да може да купува гас

Владата на денешната седница одобри 1,1 милијарда денари за набавка на енергенти пред почетокот на грејната сезона на АД за...

Свет11 час

Столтенберг: НАТО недвосмислено го поддржува суверенитетот на Украина, референдумите го кршат меѓународното право

Лажните референдуми во Украина се јасно кршење на меѓународното право, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Столтенберг рече дека...

Економија13 часа

Николовски: 140 милиони денари за млекопроизводителите и 20 милиони за откуп и дистрибуција на јаболкото

Владата на седница усвои две нови мерки за поддршка на земјоделците. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, образложи дека мерките опфаќаат...

Македонија15 часа

Автомобил падна од мост во реката Вардар, внатре најверојатно имало луѓе и по нив се трага

Автомобил падна од мост во реката Вардар, движејќи се на патот с. Желино кон Тетово. Случајот бил пријавен преку бројот...

Европа16 часа

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека жетвата на жито во Русија ќе достигне рекордно ниво и оцени дека санкциите...

Економија18 часа

Kовачевски: Прашањето со парно греењето уште не е решено, се бара решение

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера...

Топ19 часа

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје – го удирал со раце и нозе по главата

Тримесечно бебе починало откако таткото го истепал, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото. Oсновното јавно обвинителство...

Македонија20 часа

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се...

Свет20 часа

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

Јапонското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до рускиот амбасадор во таа земја, Михаил Галузин. Причината е приведувањето на...

Свет21 час

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, изјави дека против претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да...

Свет21 час

Медведев се закани со нуклеарно оружје: Ова секако не е блеф

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, повторно го споменува нуклеарното оружје. „Нашите непријатели...

Забава21 час

(Видео) Историски момент за НАСА – вселенското летало Дарт успешно се судри со астероид

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“...

Свет21 час

(Видео) Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

Јапонија воведе строги безбедносни мерки во главниот град Токио за денешниот државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе. На...

Свет21 час

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

Кремљ призна дека направиле грешки кога ги мобилизирале резервистите на руската армија да се борат во Украина, а повеќе извештаи...

Спорт1 ден

Црвениот картон пресуди: Бугарија минимално триумфираше во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 0:1 на арената „Тодор Проески“ во последниот меч од Лигата на нации...

Регион1 ден

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна...

Свет1 ден

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет1 ден

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија2 дена

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...