Контакт

Спорт

Ист тато! Синот на Ван Перси постигна фантастичен гол!

Објавено пред

Дека крвта не е вода, уште еднаш се потврдува со примерот на Шекил ван Перси, синот на легендата на Манчестер јунајтед и Арсенал, Робин ван Перси, кој денеска постигна прекрасен гол за У-15 тимот на Феенорд против лутите ривали Ајакс.

Ајакс на крајот доживеа катастрофа против клубот од Ротердам, губејќи го мечот со 8:3.

Ова не е првпат 13-годишниот Шекил да го покаже својот талент.



Крвта не е вода! Синот на Ван Перси го покажа талентот (видео)

Спорт

Абрамович го губи трпението, Лампард е на излезна врата!?

Објавено пред

Доколку во наредниот еден месец Челси не ја промени играта и не тргне со победи, Лампард би можел да биде сменет, а за негов наследник се подготвува Масимилијано Алегри, се шпекулира од Лондон.

Челси не воодушевува со настапите на стартот на Премиерлигата, а газдата на клубот – Роман Абрамович се чини го губи трпението.

Френк Лампард доби можност да го води клубот со кој ги постигна најголемите успеси како фудбалер. Медиумите на Островот тврдат дека Абрамович „се крши“ за промена на тренерот, пред се поради големите пари што клубот минатото лето ги потроши за засилувања.

За потсетување, Челси минатиот викенд испушти победа против Саутемптон (3-3), а вечерва „сините“ имаат тежок испит во ЛШ против Севилја.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пред 6 месеци имал корона, сега пак е позитивен

Објавено пред

Колумбискиот велосипедист Фернандо Гавирија (26) вторпат за 6 месеци е заразен со коронавирусот, открило вчерашното тестирање пред денешната 16. етапа на „Џиро Диталија“.

„Гавирија веднаш е ставен во изолација, добро се чувствува и нема симптоми. Сите други велосипедисти се негативни. Лекарската служба внимателно ја следи ситуацијата“, се вели во соопштенето на тимот чиј член е заразениот велосипедист.

Тој првпат беше заразен со опасниот вирус во март годинава за време на трката во УАЕ. Тогаш цел месец помина на болничко лекување во Абу Даби.

Досега најдобриот пласман на трката во Италија му беше седмото место на 11. етапа.

Неговиот случај ќе ги заинтригира лекарите затоа што ретки се оние што и вторпат се заразени со Ковид-19.
„Џиро Диталија“ финишира в недела во Милано.

Прикажи повеќе...

Спорт

Робињо: Жалам што ја изневерив жена ми, ама не сум силувач!

Објавено пред

Своевремено еден од бразилските фудбалски бисери, Робињо (36), повторно е без клуб откако Сантос му го прекина договорот само 6 дена по потписот. Причината за тоа е што Бразилецот е осомничен за силување во Италија, а бразилскиот клуб поради тоа е цел на навивачите и клупските спонзори.

Робињо го негира инцидентот во ноќен клуб во Милано (во 2013 година) со тогаш 22-годишната Албанка.
„Девојката ми пристапи и имавме контакт. Беше тоа контакт со прифаќање од двете страни, а подоцна јас си отидов дома“, изјави за бразилски UOL.

Фудбалерот тврди дека неколку негови пријатели останале со девојката по неговото заминување и имале сексуален однос со неа, без присилба. Клучни докази во процесот против Робињо се прислушкувани телефонски разговори меѓу него и пријателите во кои фудбалскиот ас вели дека девојката била потполно пијана.

Адвокатите на ексиграчот на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан тврдат дека неговите зборови не се добро преведени на италијански, а самиот Робињо вели дека девојката воопшто не била пијана.

„Кога ми пријде, таа воопшто не беше пијана затоа што ми го запамети името и знаеше кој сум. Пијана личност на ништо не се сеќава, а таа се сеќава на сè“, рече Робињо.

Тој единстваено за што жали е што ја изневерил сопругата Вивијан, со која е во брак од 2009 година и имаат 3 деца.

„Единствено што жалам е што ја изневерив сопругата, сè друго е извадено од контекст и надувано за да се продаваат вестите. Мојата грешка е што не ѝ бев верен на жената, но никого не сум присилил на секс“, вели Робињо.
Бразилецот и во 2009 година, додека настапуваше за Манчестер сити, беше осомничен за силување.

 

View this post on Instagram

 

Feliz natal 🎄🎁 😍#amor#familia

A post shared by Robinho (@robinho) on Dec 25, 2019 at 1:21am PST

 

View this post on Instagram

 

❤️💪🏾😠😂

A post shared by Robinho (@robinho) on Jun 30, 2018 at 10:43am PDT

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија2 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија5 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија6 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија7 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа7 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија8 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа9 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија9 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија10 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет10 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет10 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет10 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Досие