Спорт
Истите 11 што ја средија Германија ќе ја нападнат и Австрија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски без никакви експерименти со почетниот состав кога е во прашање денескиот историски дуел против Австрија во Букурешт – прв за нашиот национален тим на едн ЕП.
Истите 11 фудбалери кои се најдоа на стадионот во Дуизбург при победата од 2-1 над Германија, ќе започнат и денеска од 18 часот.
На голот е Столе Димитриевски на голот, во одбраната Висар Муслиу, Дарко Велковски и Стефан Ристовски, во средниот ред ќе бидат Бобан Николов, Елиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми и Езџјан Алиоски, додека Горан Пандев и Александар Трајковски ќе го предводат нападот.
Селекторот на Австрија, Франко Фода денеска ќе започне без напаѓач Марко Арнаутовиќ.
Еве ги составите:
Фото: ФФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џикиќ од Грузија доби Орден на честа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија.
Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а истата сума ќе биде обезбедена за секој следен чекор на првенството.
„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин. Владата ќе ја награди репрезентацијата и за сегашниот и за секој следен успех на Европското првенство“, рече Кобахидзе на состанокот на владата.
За потсетување, Грузија ја победи Франција со 80:70 во осминафиналето, а ќе игра против Финска во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за 10 септември, со почеток во 16 часот.
Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA