Спорт
Историја – Мароко се пласираше во полуфиналето на СП

Мароканците испишаа историја на Мундијалот во Катар. Станаа првата африканска селекција која избори пласман во полуфиналето на светските првенства. Херојот на Мароко е Јусеф Ен Несири напаѓачот на Севилја, тој го постигна единствениот гол во 42.минута.
Мароко ја победи Португалија со 1:0 во четвртфиналето на Светското првенство.
Храбрата поставка на Мароканците во првото полувреме им ја донесе предноста која се покажа како клучна за конечниот победник.
Ен Несири во 42.минута ја искористи лошата проценка на голманот Диого Кошта и со небески скок ја сметсти топката во мрежата.
Во втриот дел, мароко се повлече пред својот гол, двојниот блок на крајот ги издржа налетите на Португалците.
Мароко во полуфиналето ќе игра во среда, против Англија или Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фернандеш: Ќе си заминам доколку клубот го побара тоа

Капитенот на Манчестер jунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека е подготвен да го напушти клубот доколку раководството одлучи дека продажбата е во интерес на реконструкцијата на клубот.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, исто така изјави дека ќе си замине без отпремнина доколку клубот повеќе не смета на него.
Фернандеш истакна дека би прифатил заминување ако тоа би му помогнало на Јунајтед повторно да стане конкурентен во врвот на европскиот фудбал.
„Секогаш сум бил искрен. Секогаш сум велел дека ќе останам тука сè додека клубот не ми каже дека е време да си заминам. Сакам да постигнам повеќе, да го вратам клубот на патот на славата. Но, кога клубот ќе одлучи дека е крај или дека барам премногу, тогаш е крај, фудбалот е таков. Ако мислат дека е време да си заминат за да заработат пари или од која било друга причина, јас го прифаќам тоа“, рече 30-годишниот репрезентативец. Португалија.
И покрај тоа што беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед оваа сезона, Фернандеш не успеа да направи разлика во финалето на Лига Европа на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, каде што Јунајтед беше поразен од Тотенхем со 1-0.
„Повеќе од сè, сакавме да победиме во ова финале. Ова е многу тажен ден, бидејќи направивме многу добри работи во ова натпреварување. Но, овој меч беше клучен, најважниот ден во целата сезона. Можевме да влеземе во историјата на Лига Европа, но не го сторивме тоа. Фудбалот може да биде суров, овој пат ние сме тие што загубивме“, рече Фернандеш.
Бруно Фернандеш, кој постигна 98 гола за Јунајтед откако дојде во јануари 2020 година, застана во одбрана на сонародникот и менаџер Рубен Аморим, и покрај разочарувачката серија резултати на тимот откако го презеде тимот во ноември.
„Според мене, тој е сè уште вистинскиот човек за оваа работа“, рече Фернандеш.
Под водство на Аморим, Манчестер јунајтед има само шест победи во Премиер лигата и моментално се наоѓа на 16-то место, што значи дека ова е најлошата сезона на клубот во последните 50 години.
Спорт
Ван Нистелрој го напушта Лестер
Холандскиот стручњак, Руд Ван Нистелрој најверојатно ќе го напушти Лестер по последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата.
Лестер ќе го игра последниот натпревар од сезоната во недела против Борнмут, но раководството на клубот сè уште не донело одлука за тоа кој ќе го замени на позицијата главен тренер, објави денес „Скај Спорт“.
Според овој извор, раководството на Лестер ги разгледува поранешниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, и актуелниот тренер на Шефилд Венздеј, Дени Рел, како главни кандидати за клупата.
Сепак, клубот е решен да не брза со потрагата по нов тренер, од почит кон Ван Нистелрој, кој сè уште официјално е на функцијата.
Преговорите за спогодбен раскин на соработката со холандскиот стручњак се очекува да започнат на почетокот на следната недела.
Руд ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед, Реал и ПСВ, ја започна својата тренерска кариера во јуниорските категории и како асистент во холандската репрезентација, пред да го преземе првиот тим на ПСВ Ајндховен во 2022 година.
Во својата прва сезона во ПСВ, Ван Нистелрој го освои Купот на Холандија и Суперкупот и заврши и како второпласиран во Ередивизие. Тој го напушти ПСВ по една сезона, наведувајќи ги како главни причини „недостаток на внатрешна поддршка“ и несогласувањата во клубот.
По пауза од неколку месеци, Ван Нистелрој го презеде Лестер на почетокот на 2024 година, но со англискиот клуб не успеа да опстане во Премиер лигата.
Спорт
Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого многу работи се вртат, а Барселона сака околу него да ја гради иднината. По брилијантните настапи во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец очекувано се најде на радарот на европските гиганти и оние кои се во многу подобра финансиска состојба каталонскиот клуб.
Спортскиот директор на Каталонците, Деко, призна дека клубот добил екстра понуда, која не не била лесна за одбивање. Според него, ПСЖ понудил 250 милиони евра.
Тековниот договор на Јамал со Барселона истекува на 30. јуни 2026 година, а Каталонците презедоа конкретни чекори за продолжување на неговиот договор.
„Обновувањето е на вистинскиот пат. Го гледам Ламин на необично зрело ниво. Мора да бидеме среќни и да се радуваме, бидејќи нешто вакво не е нормално. Играч толку млад, со толку многу квалитет, не изгледа нормално.
Не смееме да заборавиме дека тој има 17 години и, без разлика колку и да е зрел, мора да живее според неговите години. Светот околу него е комплициран и тој треба да биде среќен“, рече Деко.
Деко потоа потврди дека минатата година добиле понуда од Париз, но дека не биле точни шпекулациите дека интерес за Јамал покажал и Реал.
„Тој не побара да биде најплатен играч во тимот. Нема јавно да зборувам за договорите на играчите. Ламин не побара ништо. Негов приоритет не е да биде најплатен играч, а неговиот договор ќе биде прилагоден на реалноста“, рече Деко.
Доколку Барса ја прифатеше понудата од Париз, рекордот ќе беше соборен, бидејќи ниту еден играч претходно не бил платен толку многу. Рекордот го држи Нејмар, кого ПСЖ го купи од Барселона за 222 милиони евра во летото 2017 година.