Спорт
Историски трип-дабл на Јокиќ, Мидлтон со 44 поени го победи Финикс
Денвер нагетс забележа победа над Њу Орлеанс пеликанс, 138:130. Блескаше Никола Јокиќ, кој забележа историски трипл-дабл. Дербито го одиграа Милвоки бакс и Финикс санс. Шампионите предводени од Крис Мидлтон победија, 132:122.
Јокиќ мечот го заврши со 46 поени, 12 скока, 11 асистенции, четири блокади и три украдени топки. Тој 30 поени постигна во последната четвртина и продолжението. На 2,2 секунди до крајот погоди две слободни фрлања избори продолженија за Денвер. Во дополнителното време со седум поени го скрши Њу Орлеанс.
Јокиќ е првиот играч во лигата со најмалку 40 поени, 10 скока и асистенции, три блокади и три украдени топки, откако во 1973 година во статистиката се бележат блокади и украдени топки.
Против Њу Орлеанс, Јокиќ го забележа 17. трипл-дабл во сезоната.
Милвоки, во репризата на ланското финале, славеше над Финикс, 132:122. Без Крис Пол, Девин Букер и Кем Џонсон, Финикс се држеа до последните девет минути. На сцена потоа стапија Крис Мидлтон и Џру Холидеј и го решија победникот.
Мидлтон мечот го заврши со 44 поени, Холидеј постигна 24, 20 во второто полувреме. Диандре Ејтон со 30 и Камерон Пејн со 23 поени се истакнаа кај Финикс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Продажбата на билети се зголеми откако Макс престана да победува“
Продажбата на билетите за трката во Формула 1 во Остин се зголеми откако Макс Ферстапен престана да победува, изјави промоторот на трката Боби Епштајн.
Актуелниот шампион на многу доминантен начин ја започна новата сезона, победи на четири од првите пет трки и се чинеше дека нема да има неизвесност кој ќе биде светски шампион и оваа сезона.
Сепак, во последните осум трки, возачот на Ред Бул нема забележано ниту една победа и сега Ландо Норис, на шест трки до крајот на сезоната има само 52 поени помалку, а Мекларен ја презеде лидерската позиција од Ред Бул кај конструкторите.
„Продажбата на билетите навистина се зголеми откако Макс престана да победува и сезоната стана поинтересна“, рече Епштајн, промотер на Американското ГП во средината на октомври (19-20).
Како што изјави, сите во организацијата се плашеле дека овогодинешната трка во Остин може да биде најмалку посетена од пандемијата на корона вирусот, но работите се сменија.
Миленикот на публиката во Тексас, Даниел Рикиардо нема да биде на патеката, откако доби отказ во РБ тимот, но Епштајн вели дека се надева дека Абстралиецот сепак ќе може да дојде на трката.
Спорт
Шчесни и официјално стана играч на Барселона
Полјакот Војчех Шчесни и официјално е претставен како нов голман на Барселона. Шчесни потпиша договор до крајот на актуелната сезона.
Поранешниот член на Јувентус летово објави крај на кариерата по Европското првенство во Германија, каде неговата селекција освои бод во групата Д.
Шчесни беше повикан како итна замена за Германецот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе ја пропушти сезоната поради повреда.
34-годишниот голман бранел на повеќе од 500 натпревари. Бранеше во Арсенал, во Брентфорд како позајмен игра, а потоа замина во Италија, каде го носеше дресот на Рома и Јувентус.
Со Арсенал го освои ФА Купот во 2014 и 2015 година, како и Комјунити Шилд во 2014 година. Во Јувентус меѓу стативите го замени легендарниот Џанлуиџи Буфон, а освои три последователни „скудета“ од 2018 до 2020 година, исто толку Купови и Суперкуп.
195 сантиметри високиот голман одигра 84 натпревари за националниот тим, а учествуваше на две светски првенства и четири првенства на Стариот континент.
Szczęsny has a message for you, culer! 🫵 pic.twitter.com/q3SAjOGY5q
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 2, 2024
Спорт
Алкараз преку Синер до титулата во Пекинг
Карлос Алкараз ја освои титулата на турнирот во Пекинг. Во финалето, по три часа и 21 минута, Шпанецот го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 6:7, 6:4, 7:6. Од понеделник Алкараз повотно ќе биде втор на АТП листата.
Алакраз трет пат сезонава го победи светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава. Во меѓусебниот скор Алкараз сега води со 6:4.
Шпанецот пред Пекинг победи во Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.
Изглучително квалитетен и незивесен меч одиграа Синер и Алкараз. Шпанецот подобро влезе во мечот, во првиот сет имеше предност од 5:2, меч топка на 6:5, а потоа уште две во тај-брејкот, а откако не ги искористи шансите, сетот му припадна на Синер.
Шпанецот успеа да изедначи откако во вториот сет успеа да направи брејк во деветтиот гем.
Драмата кулминираше во третиот сет, Алакраз направи брејк дојде до 3:1, имаше уште две брејк топки, аоткако не ги искористи Синер намали на 3:2, а птооа во следниот гем го врати брејкот.
Тај-брејкот заочна со три поени на Синер, но одговорот на Алкараз беше брутален, до крајот ги освои сите поени и дојде до трофејот.