Спорт
Историско остварување на Анчелоти – 200 натпревари во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64) стана првиот тренер со 200 натпревари во Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак испиша историја во европското натпреварување во фантастичниот четвртфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити (3:3).
Рекордот го достигна преку 21 сезона и со осум екипи: Парма (6), Јувентус (10), Милан (73), Челзи (18), ПСЖ (10), Баерн (12), Наполи (12) и Реал Мадрид ( 59). Притоа оствари 114 победи, 45 нерешени и 41 пораз.
„Тоа е големо достигнување. Се сеќавам на мојот прв натпревар, тоа беше против Спарта Прага кога бев во Парма. Да се достигне 200 натпревари значи многу. Успех е да се преживее толку многу години во фудбалот, особено на моја возраст”, изјави Анчелоти.
Анчелоти е и тренер со најмногу титули во Лигата на шампионите (четири) и победи (114).
Тој освои две европски титули на клупата на Реал (2014, 2022), и две на клупата на Милан (2003, 2007). Тој е исто така првиот и единствениот што ги предводел тимовите до пет финалиња во Лигата на шампионите.
Како играч, тој двапати го освои Купот/Лигата на шампионите со Милан (1989, 1990), со што стана еден од седумината со титули во Купот/Лигата на шампионите и како играч и како тренер.
Анчелоти е и единствениот тренер кој некогаш ја освоил шампионската титула во сите пет најдобри европски лиги (Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид).
Зад него по бројот на натпревари во Лигата на шампионите е Алекс Фергусон со 190 меча, а потоа следуваат Арсен Венгер (178), Пеп Гвардиола (168), Жозе Мурињо (145), Мирчеа Луческу (115), Диего Симеоне (101), Јирген Клоп (100), Масимилијано Алегри (100)…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.
„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.
Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.
Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.
Спорт
Нови главоболки за Мареска: Се повреди и Енцо Фернандез

Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена.
Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната уште летоска по тешка повреда на колено.
Сега останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета за натпреварот против Нотингам Форест, а потоа и против Ајакс и Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.