Спорт
Истрагата на УЕФА препорачува исфрлање на Барселона од Лигата на шампионите за следната сезона

Инспектори на УЕФА го советуваат претседателот Александар Чеферин дека Барселона заслужува да биде суспендирана за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Сето ова порада случајот „Негреира“, открива шпанскиот медиум „ABC“.
Истражителите од УЕФА го анализирале скандалот и подготвиле извештај според кој на каталонскиот гигант треба да му биде забранет настап во елитното клупско натпреварување на Стариот континент.
Истрагата покажа дека во периодот од 2001 до 2018 година, Каталонците му платиле 7,3 милиони евра на Хозе Марија Хенрикес Негреира за различни услуги, често опишани едноставно како „консултации“. Меѓутоа, проблемот е што станува збор за потпретседател на Судската комисија во Шпанија. Ова се смета за конфликт на интереси бидејќи Негреира можеби влијаел на одлуките на судиите.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, најверојатно ќе ја почека и одлуката на шпанските власти, кои исто така работат на случајот, пред да донесе конечно решение за овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драматична победа на Арсенал во Лутон

Foto/ EPA
Арсенал и 15.коло ќе биде лидер во Премиер лигата. „Тобџиите“, ја добија драмата кај аутсајдерот Лутон со голот на Деклан Рајс во 97.минута.
Арсенал имаше водство 0:1 и 1:2, но на крајот со пресврт славеше над Лутон, откако Хаверц изедначи на 3:3 во 60.минута, а Рајс погоди „со звукот на сирената“.
Серјата голови ја отвори Мартинели во 20.минута, а пет минути подоцна израмни Ошо. Во финишот на првиот дел нова предност на Арсенал му донесе Жесус.
Лутон во вториот дел возрврати со головите на Адебајо во 49. и поранешниот англиски репрезентативец Рос Баркли во 57.минута.
Сепак на крајот аутсајдерот доживеа пораз.
Арсенал има 36 бода на врвот и натпревар повеќе од Манчестер сити кој има пет бода помалку од лидерот.
Спорт
Трекхаус рејсинг ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот

Американскиот тим Трекхаус рејсинг, од следната сезона, ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Трекхаус рејсинг, го презеде тимот РНФ кој веќе не постои. Американскиот тим ќе се натпреварува како сателитска екипа на Априлија.
По завршувањето на сезоната, компанијата Дорна спортс објави дека РНФ остана без место во шампионатот, поради бројните прекршувања на договорот, што влијаеше на имиџот на Мото ГП во јавноста. Ова беше особено поврзано со фактот што главниот спонзор на тимот и мнозински акционер Криптодата не го плати спонзорството на Австриското ГП, како и поради бројни други долгови.
Трекхаус рејсинг е тим во сопственост на автомобилистот Џастин Маркс и музичарот Питбул Тимот досега се натпреваруваше во Наскар и успеа да забележи пет победи.
Американскиот тим сигурно ќе има посилна врска со Априлија отколку што беше случајот со малезискиот тим, бидејќи има големи шанси некој од возачите да добие фабричка верзија на мотоциклот.
Возачи на Трекхаус рејсинг ќе бидат Мигел Оливеира и Раул Фернандес кои имаат договори со Априлија.
Следната сезона Мото ГП шампионатот започнува на 10 март со Големата награда на Катар.
Спорт
Историски триумф на Алкалоид, победа над Ла Риоха во Скопје

facebook.com/rkalkaloid
Ракометарите на Алкалоид со победа го завршија учеството во Лига Европа. Во последното коло, во групата Ф, Алкалоид ја победи Ла Риоха со 28:27 (15:13).
Алкалоид, во еден интересен натпревар, успеа да ја запише историската прва победа во европските купови. Натпреварот го обележа и лошата арбитража на судиите од Полска.
Алкалоид, како и во претходните натпревари во групата, играше со многу осцилации. Тимот на Кире Лазаров надополни минус од пет гола во првиот дел, а во вториот испушти предност од четири гола.
Сепак, Алкалоид одигра најдобро кога беше најподребно, во последните пет минути кога негативата од еден гол успеа да ја претвори во победа.
Најистакната која Алкалоид беа голманот Галевски со 16 одбрани и Митев со 10 гола. Ла Риоха ја предводеа Заја со осум и Понсиано со шест гола.