Спорт
Италија е „perfetta“ првпат во историјата!

Само една година по мизеријата со неуспехот да се квалификуваат на Светското првенство во Русија во 2018 година, италијанската фудбалска репрезентација, под водство на Роберто Манчини, првпат во историјата успеа да се квалификува едно големо натпреварување со стоотстотен учинок, и тоа со неверојатна 9:1 победа над Ерменија.
„Аѕурите“ имаат 10 победи во 10 меча, вклучувајќи ја и „бламажата“ на Ерменците во Палермо вечерва и гол разлика 37:4. Досега, Италијанците успевале да влезат на едно големо натпреварување без пораз, но никогаш со сите победи.
Покрај ова, овој подмладен тим, од кој искрено Италијанците немаа големи очекувања пред квалификациите, сруши и низа други рекорди. Тие победија најмногу во една календарска година (10 пати) и победија во најмногу последователни мечеви (11), нешто што не им успеваше на многу посилни италијански генерации.
Манчини беше воодушевен и најави дека се надева дека низата може да продолжи и на Евро 2020, посебно откако младите беа во листата на стрелците – Николо Заниоло даде два гола, а Рикардо Орсолини и Федерико Киеза ги постигнаа своите први голови во националниот дрес.
„Искрено, не давате девет голови во денешниот фудбал. Ова беше прекрасна вечер за нас, но рекордите се важат само со титули. Ова се млади момци кои стануваат подобри со секој нареден натпревар. Тие имаат квалитет, потребно е само уште искуството. Имаме шест месеци да се подготвиме, но ако продолжиме вака не се плашиме од никого“, вели Манчини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Жолтата подморница“ со 3 бода отплови од „Санчез Писхуан“ (видео)

Севилја пред своите навивачи на стадионот „Санчез Писхуан“ вечерва доживеа неочекуван пораз од екипата на Ваилјареал со 2-1. Со тоа беше прекината серијата на Андалузијците од 8 меча без пораз.
Овогодинешното засилување за „подморницата“, Албиол донесе почетно водство во 13. минута.
Во 61 минута Ел Хадади израмни на 1-1, а победата на Вилјареал беше дело на Екамби во 74. минута.
Со денешната победа, Вилјареал се искачи на 13 позиција, додека Севилја остана трета со бод повеќе од Гетафе на четвртата позиција.
Во останатите денешни натпревари во Ла лига, Селта Виго и Мајорка ги поделија бодовите играјќи 2-2, а со истиот резултат заврпи и пресметката меѓу Еспањол и Бетис.
Спорт
„Граѓаните“ не се плашат од „топчии“, за едно полувреме завршено се (видео)

Со два потигнати гола и со една асистенција, белгискиот фудбалер Кевин де Брујне заслужено е прогласен за најдобар фудбалер на мечот Арсенал – Манчестер Сити кој попладнево заврши во полза на гостите.
„Топчиите“ на својот „Емирати“ беа надиграни уште во првото полувреме, па второто беше само рутина за шампионот во Премиерлигата.
Уште во 2 минута, Де Брујне погоди од далечина за 0-1.
На вториот погодок, овојпат на Стерлинг, по успешното додавање од Белгиецот се чекаше до 15 минута, а Де Брујне се чини сите дилеми околу победникот на овој дуел ги разреши во 40 минута кога прецизно биеше од 20-тина метри за 0-3.
По минатонеделниот изненадувачки пораз од Јунајтед, четата на Гвардиола не дозволи ново „растурање бодови“, па сега Сити има 35 бода во Премиерлигата, а во наредното коло игра со Лестер Сити на домашен терен.
Се уште заостатокот на Сити во однос на лидерот Ливерпул е преголем – 14 бода.
Спорт
Вардар отиде со младинци кај Нексе, се враќа со „42 парчиња“ во мрежа

Македонскиот и европски ракометен шампион, Вардар со вториот тим отиде во Нашице, на гостувањето кај тимот на Нексе во последното годинешно коло во регионалната СЕХА лига, но оттаму се враќа со полна мрежа голови.
Нексе славеше убедлив триумф од 42-26.
„Црвено-црните“ ракометари во првото полувреме даваа пристоен отпор, на паузата се отиде со резултат 18-14 за домашната екипа.
Во вториот дел тотален потоп на Вардар. Во вторите 30 минути Нексе постигна 24 гола, а Вардар само 12.
Најпрецизен во хрватската екипа беше Марио Томиќ со 8 гола, а Томислав Северец прецизно стрелаше шестпати.
Кај Вардар Дејан Кукуловски мечот го заврши со 7 реализации, а Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски постигнаа по 4 гола.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде