Спорт
Италијанците и Русите со утешителни победи
Италија дури по продолженијата успеа со 94:89 да го совлада Порторико во дуел кој не беше многу важен, бидејќи двете репрезентации веќе немаа шанса да се пласираат во четврт-финалето на Светското првенство во Кина, бидејќи од нивната група Шпанците и Србите се меѓу најдобрите осум пред попладневниот дуел (14.30 часот).
Русија пак, во меч кој немаше голема резултатска важност со 69:60 ја победи Венецуела. Аргентина и Полска веќе се во четврт-финалето од оваа група, така што се играше за престиж.
Русите имаа одличен почеток, поведувајќи со 13:2, пред Венецуелците да е вратат во игра и на полувреме да отидат со 27:27. Во второто полувреме, јужноамериканската репрезентација направи предност од 7 разлика, но до крајот на третата четвртина, Русите направија предност од 6 (48:42), која не ја пропуштија до крајот. Андреј Воронцевич со 17 и Никита Курбанов и Григориј Мотовилов со 12 поени беа најефикасни за Русите, додека Карера постигна 19 за Венецуела.
ГРУПА И
Венецуела – Русија 60:69 (10:13, 17:14, 15:21, 18:21)
Полска – Аргентина 14.00 ч.
Табела: 1.Аргентина 8, 2.Полска 8, 3.Русија 8, 4.Венецуела 7
ГРУПА Ј
Порторико – Италија 89:94 (24:13, 22:13, 18:24, 19:33, 6:11)
Србија – Шпанија 14.30 ч.
Табела: 1.Србија 8, 2.Шпанија 8, 3.Италија 8, 4.Порторико 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Заха се пресели на позајмица во Шарлот
Фудбалерот на Галатасарај Вилфрид Заха му се приклучи на Шарлот на позајмица, соопшти денеска американскиот клуб. Заха (32) ќе игра во Шарлот до 17 јануари 2026 година, со можност за продолжување на позајмицата до 30 јуни 2026 година.
Првиот дел од оваа сезона тој го мина како позајмен во Олимпик Лион каде одигра шест натпревари и забележа една асистенција во сите натпреварувања.
„Вилфрид е талент од светска класа кој се докажа на највисоко ниво како елитен стрелец и творец на шанси. Неговите настапи во Премиер лигата и на меѓународно ниво зборуваат сами за себе и уверени сме дека Вилфрид веднаш може да го реализира својот потенцијал во МЛС “, изјави генералниот директор на Шарлот, Зоран Крнета, пренесува клупската веб-страница.
Пред Галатасарај играше за Кристал Палас, Манчестер Јунајтед и Кардиф. Заха има постигнато пет гола на 33 настапи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.
Фудбалерите на Шарлот својот прв натпревар во новата сезона во МЛС ќе го одиграат на 23 март против Сиетл.
Спорт
Наполи замената за Кварацхелија ја најде во Дортмунд
Наполи, минатата недела го продаде Хвича Кварцхелија во Пари Сен Жермен. Откако го реализираше трансферот вреден 70 минилиони евра, клубот од Неапол започна да бара играч кој ќе го замени Кварацхелија.
Медиумите шпекулираа дека Наполи ќе се обиде да го донесе Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, наводно и понудиле 40 милиони евра за Аргентинецот.
Вистината е поинаква, изборот на Наполи е Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.
Сезонава Адејеми на 13 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола и исто толку асистенции.
Од летото 2022 година, кога беше во Дортмунд, постигна 19 гола на 79 натпревари, а пред тоа одигра три сезони во Салцбург и постигна 33 гола на 94 натпревари. .
Наполи наводно е подготвен да плати меѓу 45 и 50 милиони евра.
Спорт
Сити обвинет за регрутирање фудбалер – Го убедиле да го раскине договорот
Фудбалскиот клуб Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо, тврди дека луѓе од Манчестер сити го убедиле фудбалерот Абдулаи Јума Бах (18) да го раскине договорот со шпанскиот клуб за да потпише за „граѓаните“ под поповолни услови.
Младиот фудбалер, во вторникот го известил својот клуб дека сака да го раскине договорот, па во тој случај ќе може да се пресели во Сити како слободен играч.
Сити, откако Бах побарал раскин на договорот, преку електронска пошта ја информирале другата страна намерата да отвори преговори со фудбалерот. Ден подоцна, во средата Бах не се појавил на тренингот, а во меѓувреме од Фудбалскиот сојуз на Шпанија потврдиле дека играчот ја платил потребната сума за раскин на договорот.
Луѓето од Ваљадолид ја „прочитаа“ играта на Бах и Сити и во соопштението изјави дека играчот „постапил по диктат на Манчестер сити и неговиот менаџер“, што, како што велат, ги налутило и разочарало.
„Ваљадолид верува дека Манчестер сити стои зад одлуката на играчот да го раскине договорот и јасно е дека тие го советувале играчот на овој начин да го раскине договорот“, стои во клупското соопштение.
Младиот фудбалер играше за Ваљадолид како позајмен од АИК Фритонг од Сиера Леоне. Свесни за неговиот потенцијал, минатиот месец луѓето од Ваљадолид потпишаа перманентен договор со Бах, иако на јуниорско ниво.
Фудбалерот досега одбиваше да потпише сениорски договор, со кој шпанскиот клуб би си обезбедил повеќемилионска отштета. Ваљадолид најави дека ќе поднесе тужба против Манчестер сити.