Спорт
Италијанците пресметаа колку заработува Погба на минута

„Газета дело Спорт“, пресмета колку Пол Погба го чини Јувентус за секоја одиграна минута откако се врати во клубот од Манчестер јунајтед.
Французин се врати во Торино како слободен играч, а оваа сезона пропушти 34 натпревари за италијанскиот гигант одигра само 35 минути. Толку вкупно доби на мечевите со Торино (22 минута) и Рома (13 минута).
Со оглед на тоа што Погба игра за плата за која се верува дека е осум милиони евра годишно, „Газета дело Спорт“, пресмета дека секоја минута што ја мина Погба на теренот клубот го чини 228.571 евра. Францускиот репрезентативен играч за врска е под договор со Јувентус до летото 2026 година.
Јувентус моментално е на седмото место во поредокот во Серија А. Во уште една турбулентна сезона за клубот, пласманот е условен со одземање на 15 бодови, со што клубот беше казнет од Федералниот апелационен суд поради финансиски малверзации. Да потсетиме, Јувентус беше обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и плаќал играчи „под маса“ за време на ковид пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.
Спорт
Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“
Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
Официјална потврда дојде и од главниот актер.
На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.
„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.
Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.
Спорт
Мекалистер прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Мекалистер постигна два гола и имаше една асистенција во пет натпревари од Премиер лигата во април, со што за прв пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата.
Ливерпул забележа четири победи и еден пораз во тој период, а исто така ја обезбеди и титулата откако изгради непобедлива предност пред Арсенал.
Менаџерот на Вулверхемптон Вондерерс, Витор Переира, е прогласен за менаџер на месец април во Премиер лигата.
Переира за прв пат ја освои наградата за најдобар тренер на месецот во Премиер лигата.
Вулверхемптон минатиот месец забележа пет победи од исто толку натпревари и го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.