Спорт
Италијанките го освоија Били Џин Кинг купот
Италијанските тенисерки го освоија Били Џин Кинг купот, откако во финалето со 2:0 ја победија Словачка.
Во првиот меч Лусија Бронсети ја совлада Викторија Хрунчакова со 6:2, 6:4, а во вториот Јасмин Паолини ја совлада Ребека Шрамкова со 6:2, 6:1.
Паолини, четвртата тенисерка во светот, по еден час и шест минути стигна до победата над 43. рангираната Шрамкова.
Таа оствари убедлива победа, откако направи брејк во шестиот и осмиот гем од првиот сет и во вториот, четвртиот и шестиот гем од вториот сет.
Италијанките стигнаа до петтиот трофеј во Били Џин Кинг купот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фудбалскиот сојуз на Косово ќе ја тужи УЕФА пред судот во Лозана
Фудбалскиот сојуз на Косово е ја тужи УЕФА пред Судот за спортска арбитража во Лозана, отккао европската куќа на фудбалот со службен резултат 3:0 во полза на Романија, го регистрира прекинатиот меч Романија-Косово во Лигата на нации.
Адвокатот Таулант Ходај е уверен дека Судот за спортска арбитража (CAS) на крајот ќе донесе одлука во нивна корист.
Фудбалскиот сојуз на Косово исто така е прично казнет со 6.000 евра поради однесувањето на тимот на натпреварот во Букурешт.
„Фудбалскиот сојуз на Романија е осуден за расистички, ксенофобични, дискриминаторски повици, политички пораки и друго неприфатливо однесување. УЕФА донесе одлука со која го казни Фудбалскиот сојуз на Романија со парична казна од стотици илјади евра и натпревар без навивачи, поради расистичко, ксенофобично, политичко, дискриминаторско и неприфатливо однесување на нејзините навивачи, тимот и официјални лица за време на натпреварот против Косово, а одлучи резултатот од натпреварот да биде 3:0 во корист на Романија. Но некои прекршоци на Романија сè уште не се земени предвид. Верувам дека конечната одлука ќе биде променета во CAS, во корист на Косово“, напиша Ходај.
Спорт
Еурофарм Пелистер ремизираше со Фредериција
Фото/ EPA Georgi Licovski
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да врзат две победи во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола одиграа 29:29 со Фредериција, екипа која во минатото коло ја победија во Данска. По осум кола Еурофарм Пелистер има четири бода на своето конто.
На дебито на новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер одигра лош натпревар. Гостите од Данска во погоелмиот дел од натпреварот беа подобри на теренот. Во првиот дел целосно ја контролираа играат, имаа предност и од четири гола, а наполувреме Фредериција водеше со 13:16.
„Зелено-белите“ започнаа да се будат во вториот дел, а најдобриот период го имаа во последните 15 минути. Митревски фати неколку топки, Пешевски постигна три гола, Пелистер фати приклучок, а во 48.минута го имаа и првото водство 23:22.
До крајот се играше гол за гол, Пелистер имаше два шанси да се одлепи на два гола разлика, во првата ситуација Радивојевиќ не реализираше седмерец, а потоа Хосни во финишот продаде топка.
Радивојевиќ со седум гола го предводеше Пелистер, пет постигна Кузмановски.
Спорт
За прекинатиот меч со Косово Романците добија парични казни и победа со службен резултат
Европската фудбалска унија (УЕФА) со службрн резултат 3:0 за Романија го регистрираше прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово одигран во Букурешт. Натпреварот се одигра пред пет дена во рамкина Ц дивизијата во Лигата на нации.
Репрезентативците на Косово, на три минути до крајот на натпреварот се повлекоа од теренот поради провокациите од трибините, односно извиците: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Подоцна го игнорираа повикот на главниот судија да излезат од соблекувалната и да го доиграат натпреварот.
УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Косово и парично со 6.000 евра за непримерно однесување.
Breaking | Surreal! Kosovo walk off the pitch in the 93rd minute of their Nations League match in Romania after the local fans chanted Serbia's name. Game interrupted!!! The Kosovo players are inside their locker. pic.twitter.com/CZUp2dvRIN
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 15, 2024
Европската куќа на фудбалот им изрече бројни казни и на Романците:
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 30.000 евра поради испраќање провокативни политички пораки кои не се соодветни за спортски настан.
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 9.000 евра поради фрлање предмети на теренот.
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 4.500 евра поради употреба на пиротехнички средства.
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 8.000 евра поради употреба на ласери од страна на навивачите.
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 12.500 евра поради предизвикување неред при интонирање на националната химна.
Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 14.000 евра поради блокирање на премин/скали на трибините.
Фудбалскиот сојуз на Романија е предупреден за недоличното однесување на нацоналниот тим.
Романија ја освои Групата 2 со 18 бодови и избори пласман во Б дивизијата, додека Косово со 12 бода ќе игра бараж за пласман во Б дивизијата.
Breaking: Romania vs Kosovo decided as a 3-0 win for Romania! pic.twitter.com/PBlLyfXIOc
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 20, 2024